СПОНЗОРУШИ (втор дел)

Во второто полувреме од тематиката наречена СПОНЗОРУШИ не можам а да не спомнам за уште два типа кои се приметливи у градов.
Првиот тип се спонзоруши кои шо не се од Скопје,а тука се на студии,работа или ништо од наведеново (читај туристички)
Вториот тип е машки спонзоруши,а такви глеам се поише им расте бројот.
Ај прво за првиов феномен.
Во недостиг на средства многу млади девојки кои доаѓаат у градов си бараат спонзорства.И тоа е факт неспорен.
Скопје е скап град,да не речам прескап.
Знаеш дека нејзините од петни жили спечалиле да ја пратат тука да студира,а она лумпува.Примери има секакви.Наместо да ја видиш да јаде у студентска менза,она вечера и руча во некој елитен ресторан со некој телац шо ќе го најде од тука. А такви има со лопата да ги ринеш. Дома ги лаже дека начекала ефтин стан кој не мора да го дели со цимерки,и тоа замисли ….станот е со локација на Водно или слична елитна населба на неа.Дома слепо и веруваат дека учи на факултет,ама она и тука ќе најде чаре.На испит у кабинет на професорот влага сама,добро деколтирана,со хеланка проѕирна и штикла 10 сантима.
Па добро бе мајко му стара,сите сме биле студенти,знаеме дека така не се полага испит.
Откако ке стане миленичка на професорот,факултетот ке си го помине полесно од осмолетка.
Ама за таа услуга ќе треба добро да се раздужи,да не се лажеме сеа.
Овој тип на спонзоруши никад не се дружи у Скопје со своите сограѓани и сограѓанки од кај шо потекнува.Испод част и е …
Моеш да ја забележиш со нафатирани токмаци или вратари од градов.Се пали на журки и лесни наркотици,додека нејзините другарки вредно учат за да ја искористат шансата и приликата добиена од нивните дома.Се гордее ако е во друштво на “мафијаши“,ќељави глави со фалти на вратот,многу злато и грам мозок. А бе бог да чува …..
Дома у село уште кравите у двор и серат,а тука глуми аргентинска пичка …
Многу ми е мило шо сите мои другарки и пријателки кои не се од Скопје не патат од ваков комплекс и се прекрасни воспитани девојчиња.
Ај сеа малку за вториот феномен.
Машките спонзоруши у градов,не се со толкав обем ко женскиве,ама се со тенденција за пораст..
Ј не можам да им ја сфатам филозофијата.Да бркашн девојки шо имаат кеш ?????????
Да ти плаќа некоја пијачка секоја вечер,да те зема и враќа со кола ….па добро бе …..шо машко е тоа????????
Обично тоа се машки кои шо се јаки на уста,слаткоречиви и лесно им влагаат под нокти на жртвите.
Им глумат дека нешо имаат,уствари нишо немаат. И кажува дека ја сака,а уствари и ги сака парите на татко и .И ја вози скупата кола низ град,а на другарите се фали дека “дедо му“ му ја препишал.Уште неземени а некој му препишал кола????? Ало бреееее!!!!!!!!! Преварант си и тоа се глеа од авион.
А девојкаму кутрата,од шо е добра и наивна,не глеа дека околу неа пајакот плете мрежа.
Другарките ја убедуваат дека он не е за нејзе и дека ја искористува,а она упорно негира и се кара со нив мислејќи дека и завидуваат и и мислат лошо.
Обично овој “фраер“завршува со функција домазет во раскошната куќа на неговата невеста и нејзините родители кои живеат кат над нив.Мисијата е испунета ама не иде се така глатко.
Ако у 3 саат сабајле дедо ти снема цигари има од сон да стануваш и да трчаш да купиш до тобако.Јебига,наредба си е наредба ……на туѓо буниште си ….
Газда не моеш да се праиш зашо немаш нишо свое,е ти останува само да скинат конци старите,па да газдуваш.Епа ебати животот ако чекаш некој да умре за да проживееш.
Оваа категорија на мажи никад не сум можел да ја сфатам.Спонзор да ти е жена??????? Ебати мажот ….
Ја разбирам спонзори да имаа големи фудбалски или кошаркарски клубови,ама спонзорства меѓу луѓе од сите овие типови шо ги набројав – е на тоа ми реагира стомакот.
Да поентирам на крајов ….
Спонзоруши имало и ќе има.Спонзори имало и ќе има …
Крај краева ….кој им ебе матер бе :))))))))))