Мојата Јабланица

Погледни, погледни во бескрајот! Таму каде што Стрижак гордо се издигнува до оловното небо, ретки гласови ја сечат тишината, а Ѕвездица диво и споулавено се втурнува низ клисурата, напролет, штом почнат да се топат снеговите или го вознемирува речиси подзаспаното августовско пладне.Таму каде што Радуч завидливо гледа во ѕвездениот мозаик, чудесен хор од камбани го најавува доаѓањето на уште еден Илинден, а ноќта мириса на свежо покосена папрат, таму е мојата Јабланица.

Погледни, погледни во бескрајот!

Таму каде што каменот одамна престана да зборува, полека, едно по едно згаснуваат родните огништа, а детскиот џагор засекогаш ги напушта цветните ливади.

Таму каде што дом ни се бескрајните патишта, а таргачот постанува наша судбина, и таму е мојата Јабланица.

Погледни, погледни во бескрајот!

Таму до каде што ти допира погледот, таму до каде што ти стигнува мислата, до таму е мојата Јабланица.

Веста е превземена od www.mojatajablanica.com

 

dare

dare

Уредник на муабет.мк