Денеска во 9:30 во станица 26: Twelve Moons of Jazz

Посебноста на поединецот во своето творештво е секогаш жртва во отсуство на селекција која ќе потекнува од системот со цел увидување, градење и поткинување на домашните капацитети од различни области. Бидејќи единката е фрлена во самостојно снаоѓање низ гадоштините на скалилата на фиктивниот успех и селектвност која е тесно поврзана со интерсот, тогаш квалитетот е маргинализиран во мрежата на информации или полошо исчезнува мотивот, надежта, независноста и посебноста во изразувањето на артистите.

DMA Music (Digital.Millennium.Artists) продолжува во потрага и преслушување на албуми не поведени од бројката на слушаност и изненадува фактот дека домашните фиоки не се празни, туку треба само да се отворат, меѓутоа потребно е и потикнување од нас масата, истите да не останат празни.

На десеттиот по ред Twelve Мoons Оf Јazz ќе се сретнеме со авторскиот домашен албум „THE THIRD WORLD QUARTET“ на гитаристот и комозиторот роден во Скопје, Бојан Петков, придружуван од Кирил Кузманов на алт саксофон, Кирил Туфекчиевски на контрабас и Славчо Коцев на тапани.

Во изминатите години, Бојан Петков е познат како член на свинг составот “Летечки Пекинезери” и гитарист во етно составот “Љубојна”. Полн со идеи длабоко втемелени во џез традицијата се со цел да се изрази денешното. Една негова музичка композиција може да е основана на комплетно нова хармонија но исто така може да биде изградена на некоја “древна” ориентална скала се со цел да се хармонизира. Како гитарист и за него поудобната функција на неговиот инструмент, созвучјата или хармонијата се многу високо хиерархиски поставени во неговиот поглед на музиката.

На YouTube каналот кој го носи неговото име, можете да ги слушнете неговите албуми. Таму има четири музички концепти: Првиот албум снимен во живо на канал 103 “A New Dream” соло концерт со гитара и loop – машина (2011). ”Indie Jazz” дуо албум со тапанарот Славчо Коцев (2016). Трио албумот со Славчо Коцев и Иван Бејков на електрична бас гитара “Third Cave” (2016). Квартет албумот ”Third World Quartet” (2015) сo Кирил Кузманов на алт саксофон, Кирил Туфекчиевски на контрабас и повторно Славчо Коцев на тапани.

#TwelveМoonsОfЈazz дува низ прашината на добриот звук создаден од нашиот дом.

Влез: 150 денари

Билетите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:

http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

Резервации: +389 72 562 405

Медиумски покровител: Jazz FM радио (100.8 FM)

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.