17.3 Јавна Соба: Дизајн што продава во 18:00

„Дизајн што продава“ е три-дневен настан кој претставува стимулација за младите претприемачи и брендовите во развој во Македонија. Учеството и програмата им помагаат на сите учесници да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата како на домашен така и на странски пазар.

Настанот нуди можност да комуницирате и соработувате со дизајнери и маркетери од регионот, кои работат за едни од највлијателните брендови во индустријата и кои знаат дека дизајнот ја игра највлијателната улога во процесот на креирање бренд, пораката која се испраќа на клиентите и градењето на стабилна врска со истите.

Програмата е структурирана во следниве категории:

– Отворени предавања
– Приватно советување за учесници
– Забавна програма и неформално дружење

“Дизајн што продава” е одлична можност да прашате каква порака пренесува вашата амбалажа не само за производот туку и за вашиот бренд.

Главната идеја зад овој настан е да овозможи продажба, даде видливост на вашиот бренд, ви помогне да комуницирате со експертите со цел да размените идеи, да ги споделите најдобрите искуства кои сте ги имале до сега, да изградите стратешко партнерство и да зголемите го профитот од вашето работење.

ПРОГРАМА

ПЕТОК, 17.03.2017
18:00 – ПРОМОЦИЈА НА НОВИ ВИНСКИ БРЕНДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – WINE HAPPY HOUR
22:00 – МУЗИКА И НЕФОРМАЛНО ДРУЖЕЊЕ СО ПРЕДАВАЧИТЕ И УЧЕСНИЦИТЕ – SHOWROOM: BLUE MIST PLAY GRANT GREEN (jazz)

САБОТА, 18.03.2017
10:00 – ПРИВАТНИ СЕСИИ СО МЕНТОРИТЕ
11:00 – ПРЕДАВАЊЕ: СИМОН МОРАСИ ПИПЕРЧИЌ
13:00 – ПРЕДАВАЊЕ: МАЈА ЛАЛИЌ
15:00 – ПРЕДАВАЊЕ: МАК КАПЕТАНОВИЌ
16:00 – ПРИВАТНИ СЕСИИ СО МЕНТОРИТЕ
17:00 – ПРЕДАВАЊЕ: ИВИЦА ПЕНИЌ
18:00 – ПРОМОЦИЈА НА ДИЗАЈН НА ХРАНА: PENE PASTA HAPPY HOUR
21:30 – МУЗИКА И НЕФОРМАЛНО ДРУЖЕЊЕ СО ПРЕДАВАЧИТЕ И УЧЕСНИЦИТЕ – OFFBEATZ #funk #disco #soul

НЕДЕЛА, 19.03.2017
10:00 – 13:00 – ПРИВАТНИ СЕСИИ СО МЕНТОРИТЕ
11:00 – СОЦИЈАЛНА НЕДЕЛА – БЕСПЛАТНА ИГРОТЕКА ЗА ДЕЦА СО ЕДУКАТИВНИ ДРВЕНИ ИГРАЧКИ

Повеќе информации за тоа како да се ПРИЈАВИТЕ на: contact@publicroom.org, https://growupacademy.leadpages.co/dizajn-shto-prodava/
https://growupacademy.leadpages.co/dizajn-shto-prodava-posetiteli/

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.