Лидерот на „Дивље јагоде“ – соло: Зеле Липовача ќе го промовира својот нов соло албум „Внатрешни бранови на љубовта“ во Скопје

Основачот и лидер на најпопуларнатахард рок група во регионот и еден однајдобрите соло гитаристи на бившите ЈУ простори, Сеад Зеле Липовача, кој го објави новиот соло албум „Внатрешни бранови на љубовта“ („Internal Waves of Love“), доаѓа истиот да го промовира во Скопје.
Албумот „Internal Waves of Love“ веќе беше промовиран во Загреб, Сараево, Белград…, па така во понеделник на 20-ти март во Скопје, со почеток во 20 часот во „Пивница Стар Град“ во Старата скопска чаршија, Зеле ќе ја направи и неговата македонска промоција.
Пред претставниците на медиумите, колегите музичари, пријателите и дел од фановите, Зеле ќе отсвири во живо дел од материјалот како: “Внатрешни бранови на љубовта”, “Султанот од Брунеи”, “Цунами” или “Аксам во Истанбул”…
„Се надевам дека публиката ќе го препознае овој албум и ќе го слуша со години, а да не се замори. Овој албум е како љубов која трае, во која секој ден откривате нова причина за вљубување, без љубовта да избледи или сосема да исчезне“ – порачува гитарската рок легенда пред своето доаѓање на 20 март во Скопје каде ќе биде гостин на поважните македонски електронски, интернет и печатени медиуми.
Се работи за неговиот втор соло албум, за кој може да се каже дека е воглавно инструментален, иако на него има и неколку вокални соработки. Зеле албумот го снимал цели две години во Лондон – Гетеборг – Загреб, за конечно миксот и мастерингот да ги работи во Шведска со легендарниот Енди LaRocque, познат како гитарист на King Diamond.
Покрај продуцентот на албумот, Зеле е домаќин уште на некои светски мајстори, како и британскиот пејач Тони Мартин, познат како долгогодишен член на Black Sabbath, во оние години додека Ози Озборн не беше дел од легендарниот хеви метал бенд.
Судејќи според имињата на песните може да се заклучи дека тој на свој начин се обидел да опише одредени делови или места од светот каде што тој самиот патувал и престојувал, па на албумот има песни за Истанбул, Кина, Брунеи, Александар Велики, Ричард Бренсон…
Ова издание е дефинитивно има претензии да се вброи како едно од најсериозните во 2016 година и со него Зеле го запечати својот статус на гитарски рокен рол гуру во регионот.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.