Денеска 21.3 предавање со Илина Ведран

Сите ние се раѓаме со способност свесно да ги создаваме своите искуства, но често не превземаме ОДГОВОРНОСТ за да можеме да ја искористиме моќта која ја имаме.

Што е тоа што не спречува? НАШИТЕ ВЕРУВАЊА

Ако сакаме да промениме било каква околност во својот живот, потребно е да погледнеме во својот внатрешен свет кој што е причината за нашата сегашна реалност. Некогаш не знаеме колкави се нашите можности, бидејќи гледаме само до границата која ни е поставена.
Ако направиме само еден чекор надвор од таа граница ќе се соочиме со својот страв и чувството на неизвесност. Тоа е причината поради која често не сакаме да одиме понатаму и затоа одлучуваме постојано да се вртиме во круг.
Зошто е тоа така? Бидејќи веруваме во своите ограничувања и малата слика за себе.

Ако се прашувате дали е возможно да се промени било што, одговорот е: ДА, можеме да промениме се што ќе посакаме.

На ова предавање ќе зборуваме за:
– што е тоа проекција
– зошто некогаш искуствата ни се повторуваат
– како верувањата ја создаваат нашата реалност
– зошто се соочуваме со страв
– нашите мисли и нашиот живот
– енергијата на емоциите
– како да го креираме својот живот чекор по чекор

Ова предавање покрај тоа што ќе ви пружи мотивација и инспирација ќе добиете и практични алати кои ќе можете да ги користите во секојдневниот живот.

Единствената личност од која може да почне секоја промена си самиот ТИ!

Предавањето го води Илина Ведран тренер за личен развој, инспирациски говорник, автор и првиот лиценциран тренер во Мк по методата на Лујза Хеј

Цена за присуство: 300 денари

Бидејќи местата брзо се пополнуваат ве молиме пријавете го вашето присуство пред да извршите уплата.
Вашите пријави можете да ги извршите во инбокс или на info@ilinavedran.com

Инструкции за уплата:

Назив на примач: Илина Ведран ДООЕЛ – Скопје
Банка на примач: НЛБ Банка
Трансакциска сметка: 210-070392470170
Цел на дознака: Предавање
Износ: 300 денари

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.