Секојдневни тепачки

Последниве денови, секојдневночитам за тепачки помеѓумладината и имам илјада прашања.Што нѝ се случува луѓе? Како да сме отишле по ѓаволите, каде ли погрешивме? Во каков свет се раѓаат новороденчињата, дали треба да се подготвуваат за сите прљави работи во животов кои ги чекаат или да се воспитуваат да го ценат и сакаат човекот, да го почитува и брани секој кој е немоќен, својот другар, сосед или животен пријател? Или пак ќе бидат кукавици во толпата, која ќе гледа но ќе се прави мртов(читај мутав) на се` наоколу што се случува? Ќе бидат ли како оваа багра која го нападна детето вчера или ќе бидат “Човек” и на секого ќе му подадат рака, прегратка без разлика на се`, кој е и што е.

Ме плаши народов кој егзистира само преку смајличиња, кој разговара преку скратеници и шифри, кој дише преку мобилниот, со извршена еутаназија на сите емоции, лишена од секаква почит.

И ние бевме деца, се расправавме и се тепавме меѓусебно, но после неколку минути веќе сложни започнувавме нова игра. Од секогаш децата се тепале меѓусебе за било какви глупости, но оделе подалеку од училиштето за никој да не ги види, од страв дека воопшто влегле во тепачка се криело и дома а и пред наставниците, професорите. И ако по некоја случајност еден од родителите дознае, се пренесувало како звук со светлосна брзина до сите родители на децата кои учествувале во тепачката. Па не само што си добил модрица од другарот кој те плеснал, туку и мајка ти ќе ти направи уште една, и не се барало кој прв ја почна тепачката па тој да е најголемиот виновник, туку сите деца поднеднакво бевме криви во очите на родителите, па тоа беше хорско плачење а утредента се споделуваше кој колку ќотек изел и во ќотекот бевме рамноправни на кој подоцна му се смеевме и сето тоа се правеше од образовни и воспитни цели.

Што е со денешните воспитни и образовни мерки… на толку многу интелегентни родители? Денес се тепаат поради нечиј пишан статус, се снимаат меѓусебе со мобилните и потоа го исмејуваат “јагнето” кое го фатиле со камера. Помалку време поминуваат со родителите а се повеќе во некои клубови каде редовно се препукуваат, не се пијат чаши алкохол, туку флаши, се сликаат со пиштоли.. (еден господ знае од каде ги наоѓаат – сопственост на родителите?) а до себе обавезно притискаат “фуфица” со најкратко здолниште за потоа да ја стават сликата на фб и ете…” кои сме ние.. најјаки.. гледајте не и чудете нѝ се”. Тоа ли ќе биде вашето највисоко достигнување?

Да му се плукнам… какви генерации создадовме? Какви другари се тоа кои ќе те претепаат во училишниот двор или во автобус а притоа никој да не реагира на тоа? Ме плашат деца кои после тепачка нема да отидат заедно на .. не знам… на пример сладолед, оти тоа е дел од детството. Ме плаши генерација која нема почитување ниту за родителите, а уште помалку за професорите. Кои не ценат афторитет, ниту пак “гаќите ѝм се тресат” од истите. Кои не знаат да застанат и да ја одбранат правдата, кои нема да застанат зад некого во одбрана на оној кој се напаѓа, критикува, па дури и да не го познаваат. Пошто тоа е исправно, пошто има деца кои не се научени како да живеат помеѓу “баграта”.

Каде ви е рајата модерна генерацијо? Пријателите? Знаете ли што е тоа да си нечиј вистински пријател и да имаш таков? Во реалноста? Стикерче со срциња е потопло од вистинската прегратка? Имате ли некој да ве прегрне кога ви е најтешко, ќе имате ли? Ќе имате ли некој кој ќе ви нацрта насмевка, некој кој утре ќе застане и пред тенк ако треба за вас, некој кој ќе ве сочува од шамарите на дечкото/девојката, некој кој ќе ви дарува крв ако е потребно? Ништо немате, затоа не биди само набљудувач, туку одбрани го послабиот, немоќниот однеси го на прошетка, биди човек. Пријавете неправда, борете се против неправда.

Прегрнете ги родителите, оти работат напорно за да ви купат најнови модерни патики, тренерки и се` што ви треба притоа стегајќи се да си купат нешто и за себе. Разговарајте со нив па дури и кога се уморни, разговарајте. Избришете ѝм ги солзите, а тие вашите. Седнете им в скут како некогаш кога бевте мали, за нив секогаш ќе бидете мали колку и да сте големи  и ќе сфатите дека родителите ве сакаат и повеќе од сопствените животи, па поради нив барем, не си ги упропастувајте вашите. Израснете во “Малиот Принц”, или барем прочитајте ја уште еднаш и потсетете се.

Со почит,

Оливера Доневска

dare

dare

Уредник на муабет.мк