Деца од Македонија ќе учествуваат на театарски фестивал во Љубљана

Театарска група на Словенечки центар – Скопје на 7 април 2017 во 11:10 во Пионирски дом-Љубљана ќе настапи на петнаесеттиот . „Фестивал на детските соништа“ Во Фестивалската сала во Љубљана Р.Словенија, тие ќе ја изведат представата „Ленча Фленча“ на словенечки јазик од авторот Милан Деклева во режија на Ангела Стојановска.

Улогите ги толкуваат: Aња Станковиќ, Леон Сотировски, Марија Стантиќ, Нина Настев, Олег Милевски, Анастасија Велковска и Мартин Велковски.

Нивни ментори се Олга Равњак Станковиќ-заменик претседател на Словенечкиот центар од Скопје и Маја Поповска-Сотировска, преведувач.

Словенечки центар – Скопје веке традиционално во соработка со Меѓународното училиште ,,Даниле Кумар” директорката г -ѓа Мојца Михелиќ и г-га Теја Јаушевец училишен советник, го реализира овој проект.

Училиштето е домаќин на децата од Македонија кои ќе бидат сместени во семејствата на децата од ова училиште, децата ќе посетуваат тридневна настава во училиштето и ќе имаат премиерен настап на 6.0.2017 .

Во Љубљана, Управниот Одбор на Словенечки центар, родителите и децата ќе остварат и официјална средба со директорката на ,,Пионирски дом ” и организаторот на фестивалот г-ѓа Викторија Поточник .

Проектот се реалзиира со Словенечки центар Скопје, поддржан од Владата на Република Словенија и Бирото за Словенците зад границите и во светот, а помогнат и од превозникот Руле турс.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.