Истражување на индустријата: Ташни, кондури и додатоци

Катерина Микрут или Mikka design е дизајнерка која ни доаѓа од Полска. Позади нејзиниот бренд стојат неколку колекции на облека, додатоци и накит, кои до сега се презентирани на модните настани во Скопје и Битола.

Главните инспирации на Микрут се самите материјали, нивните комбинации, експериментирањето со нив, нивното пренаменување, реупотреба и рачните техники на изработка, пред се плетењето.

Најновата линија ја сочинуваат ташни, сандали како и модни додатоци.
Во сите нив ги поврзува индустријата и природата. Користи и пренаменува индустриски материјали, нетипични за модната индустрија, кои се појавуваат заедно со природни материјали.

Ова е и нејзината прва линија на чевли. 3 години наназад работи на поправки и уметнички редизајн, а ова се првите изработени од нула. Изработката на чевли за Микрут претставува нов, вистински предизвик.

Нејзините креации се создаваат низ дијалог со самите материјали кои преку работењето со нив и ги откриваат своите својства- дали се ресат, колку се превиткуваат, дали ја задржуваат формата, дали се растегливи… Сите производи се создаваат преку таа дискусија и многу ретко нивната форма е дефинирана пред отпочнувањето со работа. Ваквиот начин на работење бара постојана посветеност во набљудувањето околината и предметите околу себе.

Најчесто креациите се со геометриски форми, а нивниот минимализам е збогатен со експресија низ рачни доработки.

На 05. април повелете на продажната изложба одберете си го својот омилен моден, рачно изработен производ за оваа пролет ~
Влез слободен!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.