Меѓународна награда во Бугарија за поетот Филип Димкоски

Младиот македонски поет Филип Димкоски заедно со кант-авторот Џина Папас Џокси настапија на десеттото-јубилејно издание на Меѓународниот литературен фестивал „Белоцветните вишни“ во Казанлак, Бугарија.

Прво претставување имаа  на официјалната фестивалска вечер каде настапија гости од Бугарија, Србија и Романија. На Димкоски свечено му беше врачена и меѓународната награда од страна на средното  училиште за применета уметност „Академик Дечко Узунов“ од Казанлак.

Во тоа училиште, по повод наградата Димкоски и Џокси одржаа поетско музичка средба со ученците и вработените. Поетот и кант-авторот  беа и специјални гости на промоцијата на книгата „Јас и моите главоболки“  од бугарскиот писател и режисер Румен Сомов која се спроведе во рамките на фестивалот, каде исто така, се претставија со поетско-музички перформанс.

На фестивалот пристигнале вкупно 217 песни од неколку земји во регионов и светов. Организиран е од здружението „Вишнов цвет“, Општината Казанлак и библиотеката „Искра“, а поддржан е од повеќе фирми и институции меѓу кои е и Сојузот на бугарските писатели.  Ова е второ признанине на Димкоски од овој фестивал, а четврто.

Главен организатор е истакнатиот бугарски писател и издавач  Димитар Никленов, чие издателство минатата година ја публикуваше на бугарски јазик поетската книга на Филип Димкоски, „Божилак на исконот“ која доживе шест усшени претставувања во Софија, Зтара Загора и Казанлак и доби позитивна критика.

Инаку, д Македонија, признание за достојно претставување на фестивалот „Белоцветните вишни“ доби и Ленче Китанова, наставничка и авторка од Штип која не беше во можност да присуствува на фестивалот.

Има најави и покани за нови гостувања на Димкоски и Џокси во Бугарија, но во други земји од регионов. До крајот на јуни Филип Димкоски ќе земе учество на межународен фестивал во Хрватска, а ја најави и својата нова книга која од печат треба да излезе наесен.

dare

dare

Уредник на муабет.мк