Македонија за прв пат дел од глобалниот општествено-одговорен проект наменет за деца: ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО!

Составена Македонската делегација која ќе ги прошири вредностите на проектот кој обединува илјадници луѓе ширум светот

  1. Април, 2017 – Денес во Македонија, како и ширум низ светот, започнаа активностите за промоција на мирот, пријателството, еднаквоста и здравиот животен стил – се во рамки на интернационалниот Ден на Фудбалот и Пријателството (25. Април). Десетици илјади деца и возрасни учествуваат во рамки на различни манифестации, пријателски натпревари, отворени тренинг сесии, маратони и спортски настани.

Во Битола, Македонија, на одбележувањето на „Интернационалниот Ден на Фудбал и Пријателство“ присуствуваше Македонскиот Олимпиец, проф. д-р. Наташа Мешковска – Амбасадор на проектот „Фудбал за Пријателство“ од Македонија, како и Младите Амбасадори Стефан Талевски, млад фудбалер од подмладокот на ФК „Пелистер“ од Битола и Симона Костадинова, ученик од Скопје. Придружени од фудбалерите на ФК „Пелистер“ од Битола, младите Амбасадори заедно со проф. д-р. Мешковска го претставија проектот пред присутните, а на децата-другари од ОУ „Коле Канински“ им подарија Алки на Пријателството кои се симболот на оваа светска манифестација.

Интернационалниот Ден на Фудбал и Пријателство (25. Април) за прв пат бил одбележан во 2014 година од страна на младите амбасадори на Интернационалната Детска Општествено-одговорна програма „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“, поддржана од ФИФА и УЕФА. Во текот на овој ден сите кои ги поддржуваат клучните вредности презентирани и поддржани од оваа програма, како: еднаквост, почит за другите култури и мир, подаруваат сино-зелена Алка на Пријателството. Сината нишка на алката го симболизира мирното небо, а зелената фудбалскиот терен, пристапен за секого.

Оваа година, алката на пријателството прв започна да ја носи Хуго Тинели (Hugo Tinelli), водечки ТВ продуцент во Аргентина, Ксу Ли (Xu Li), главен и одговорен уредник на Новинска Агенција од Кина, Димос Пирос (Dimos Piros), трикратен Олимписки победник од Грција, Миодраг Божевиќ (Miodrag Bozhevich), познат тренер од Србија, Кевин Блум (Kevin Bloom), Судија за ФИФА од Холандија.

Настаните одржани по овој повод во светот беа посетени од познати фудбалери, меѓу кои и српскиот дефанзивец Бранислав Ивановиќ (Branislav Ivanovich), рускиот голман Јуриј Лодигин (Yuri Lodygin) од ФК „Зенит“ (FC Zenit), од Санкт Петербург, Русија и холандскиот напаѓач Дирк Кајт (Dirk Kuyt) од ФК „Фејенорд“ (FC Feyenoord), од Ротердам, Холандија. Во Атина, на настанот присуствуваше Теодорас Загаракис (Theodoras Zagarakis), победникот на Европската Лига на Шампиони од 2004 година како дел од националниот тим, кој е член на Европскиот Парламент од Грција.

„Голема чест и задоволство ми претставува можноста да ја продолжам личната спортска кариера како Амбасадор на проектот „Фудбал за Пријателство“. Верувам дека заедно со другите претставници од Македонија пред сѐ младите Стефан и Симона, ќе ги промовираме вредностите и значењето на овој голем интернационален проект. Истовремено, очекувам дека ќе наидеме на поддршка од целокупната македонска јавност.“ – изјави проф. д-р. Наташа Мешковска, Амбасадор на проектот „Фудбал за Пријателство“ за Македонија.

„Горд сум што ја имам можноста да сум првиот директен учесник од Република Македонија во проектот „Фудбал за пријателство“. Се радувам дека улогата на млад фудбалер и Амбасадор на мојата генерација другари и другарки достоинствено ќе ги претставам пред останатите учесници во проектот. На овој начин ќе бидат споделени вредностите кои се одлика на проектот.“ – изјави Стефан Талевски, Млад фудбалер од подмладокот на ФК „Пелистер“ Битола.

 

Координатор за Македонија: АПРА Портер Новелли Македонија
Контакт лице: Маргарита Андоновска
Контакт телефон: (+38971) 313 446
За проектот „Фудбал за Пријателство“

Меѓународниот детски општествено-одговорен проект „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО” го реализира Акционерското Друштво „Газпром”, официјален партнер на ФИФА и Светското првенство за фудбал 2018 година, во рамки на програмата „Газпром за децата”. Целта на овој проект е развој на детскиот фудбал, популаризациjа на младинскиот спорт, и здравиот начин на живот, како и едукација за толеранција и промовирањето на пријателството меѓу децата од различни земји, националности и култури. Клучните вредности коишто ги поддржуваат и ги промовираат учесниците се пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.

 

За Интернационалниот ден на Фудбал и Пријателство

Интернационалниот ден на фудбал и пријателство се прославува во повеќе од 60 држави низ светот, меѓу кои Русија, САД, Бразил, Индија, Кина, Германија, Франција, Алгерија, Сирија, Ирак, Јапонија и многу други. Преку 400 луѓе годишно се вклучуваат во активностите за одбележување на овој ден.

dare

dare

Уредник на муабет.мк