ОПЕРА ГАЛА 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ОПЕРА 26.04.2017 – 20.00 ч.

Во среда, 26 април 2017 г. Македонската опера и балет приредува „ГАЛА-КОНЦЕРТ”, по повод 70 Години Македонска опера.
Првата професионална оперска претстава изведена во Македонија е „Кавалерија рустикана”, на 9 мај 1947 година. Во подготовките и изведбата учествувале: Тодор Скаловски-диригент; Бранко Поморишац-режисер; Петре Богданов-Кочко, Тордор Скаловски и Стефан Гајдов, ги подготвиле хоровите; Стефан Гајдов-инспициент и Живко Фирфов-суфлер.
Интерпретатори на улогите во првата претстава: Петре Богданов-Кочко (Туриду), (Васил Ќортошев во алтернација); Елисавета Савченко (Сантуца), (Данка Фирфова во алтернација); Стефан Русјаков (Алфио); Милка Гушевска (Лола) и Ганка Атанасова (Лучија).

На Гала-концертот во среда ќе земат учество сите првенци, солисти, оркестарот и хорот на МОБ. Ќе бидат изведени арии, дуети, терцети, квартети, оркестарски и хорски нумери од најголемите светски автори. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер, Дејан Прошев.
Посетителите навистина ќе имаат ретка можност за вистинско уметничко доживување.

ИНФОРМАЦИИ И БИЛЕТИ: билетарница на МОБ 02/3118-451, ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат, Skopje City Mall и онлајн на www.mob.mk и www.karti.com.mk

dare

dare

Уредник на муабет.мк