Промоција и работилница во Србија на Пренџова

Македонската поетеса Елена Пренџова, во петок, на 5. мај, во Младинскиот центар „Црна куќа“ – ЦК13 во Нови Сад, Србија ќе има промоција на своја поетска книга препејана на српски јазик. Станува збор за заедничката поетска книга на поетесата Пренџова и белградската поетеса Катарина Фиаменго. Книгата со два наслова „Политички коректна поезија/ Љубољубива“ на Пренџова и „Симбиози“ на Фиаменго е двојазично македонско-српско издание, чии препеви взаемно ги направија самите авторки. Книгата е издадена во 2015 година, а оттогаш досега имаше три прооции: една во Скопје и две во Белград. Промоцијата е замислена и како средба и претставување на авторките пред новосадската публика, но и како дебата на која ќе се дискутира за преведувањето, меѓународната и регионална книжевна соработка, но и за иновативните и нови поетски форми. Модератор на вечерта ќе биде писателот Ѓорѓе Мајсторовиќ.

 

Денот по промоцијата, 6. мај, во истиот Младински центар ЦК13 во Нови Сад, двете поетеси заедно ќе одржат работилница за креативно пишување на која со присутните ќе се работи на авторски и коавторски текстови, работејќи по примерот на дадаистичките техники за пишување, кои биле особено популарни меѓу дадаистите и надреалистите на минатиот век и кои до денес се сметаат за исклучително иновативни и забавни.

 

Неделата што следува, поетесата и слемерка Пренџова ќе ја помине во Белград, како гостинка на еднонеделната работилница за слем-поезија во организација на граѓанското здружение „Поезин“, кое е најактивната организација во Србија која е исклучиво посветена на слемот.

 

Инаку, поетесата Фиаменго на македонската публика ѝ е позната преку слем-настапите во Скопје и Прилеп. Таа пишува поезија, хаику и кратки раскази, објавила неколку авторкси поетски книги и е уредничка на рубриката за поезија при електроското списание „Афирматор“.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.