ФРАНК ЦИРЕНБЕРГ НА „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“

Дизајнерот мора да си го постави прашањето – како сакаме да живееме?

Тука сум за да ви ја презентирам некогаш германската, а сега веќе светска организација за дизајн – ИФ (Интернационален дизајн форум), која е стара повеќе од 60 години и чија цел е да ја промовира важноста на дизајнот и дизајнерите кај компаниите и воопшто во општеството за да го направи подобро. Дизајнот постои за вас, за да ви го направи животот полесен и поудобен, рече гермаскиот дизјанер Френк Циренберг, проектен директор на ИФ дизајн наградата што се доделува од 1954 година во областа на дизајнот, на својата денешна презентацијата на „Скопје креатива 2017“. Меѓудругото, тој зборуваше и за глобалната платформа за дизајн и наградата за талентирани студенти по дизајн.
По добивањето на универзитетска диплома во областа на индустрискиот дизајн во 2003 година на Универзитетот за наука и уметност во Хановер, Германија, Циренберг работи за ИФ (Интернационалниот форум за дизајн). Исто така е координатор на ИФ во Бразил, Индија, Холандија, Турција, Кореа и Јапонија, и редовно одржува комуникација и соработка со интернационални клиенти. Живее и работи во Германија.

– Прво нешто кај дизјанот е довербата. Клиентот мора да има доверба во дизјанерот дека ќе одговори на неговите потреби и ќе го реши проблемот. Убавината на дизајнот доаѓа после. Добриот дизајн освен што продава тој е и релеватен за компанијата, за економијата и на крајот за општеството, лошиот има за цел само да продаде, или тој само симулира корисност и релевантност. Добриот дизајн ја подобрува видливоста на брендот – рече Циренберг на своето предавање, кој е главниот гостин годинава на фестивалот за креативни индустрии „Скопје Креатива 2017“.
Тој во Скопје ја претстави наградата на Интернационалниот форум за дизајн, или во светот позната како „IF design award“. Оваа награда првпат е востановена во 1954 година со цел да го покаже потенцијалот на дизјанот пред масовната публика и на креативната идустрија преку презентирање на добри примери.
– Денес оваа наградата е една од најважните за дизајн во светот, со повеќе од 55000 интернационални учеснци од мали старт-ап компании и канцеларии за дизајн до големи интернационални компании. Номинираните креативни решенија за наградата се поделени во седум дисциплини: производ, комуникации, пакување, професионален концепт, внатрешна архитектура, архтектура и сервис дизајн. На изборот на најдобрите решенија работат повеќе тричлени комисии, или жири од вкупно 60 експерти, што го оценуваат секој сегмент на производот. Добитниците на ИФ наградите не добиваат пари, всушност треба да платат одредена сума, но наградата им носи многу придобивки – тие можат да го користат логото на ИФ што ги разликува од нивната конкуренција, тоа е важно за нивните компании и корпорации, или студија за дизајн каде што работат, за да потврдат зошто се подобри од нивните конкуренти. Победниците исто така се претставуваат онлајн во нашиот „ИФ Светски водич за дизајн“ во кој сите добитници на наградата од 1954 година наваму се претставени во огромната онлајн изложба што е отворена за секој посетител на веб-страницата, но исто така и на нашата ИФ дизајн апликација – рече Циренберг.
Понатаму тој зборуваше за наградата за таленти – студенти по дизјан која носи сума од 30 илјади евра, со цел да се мотивираат и поттикнат младите дизјанери и нивните свежи идеи. На презентацијата беа прикажани две видеа од начинот на жирирање на пристигнатите проекти – кандидати за наградата, како и на големата церемонија на доделувањето. За иднината на дизајнот Циренберг рече дека по индустриската и дигиталната револуција она што претстои е револуција на биологијата и технологијата, односно на нивно спојување.
На прашањето од публиката кој дизајн е добар а кој лош, гостинот мудро одговори: „Практично нема добар и лош дизјан, тоа е само техника, вие можете и да дизајнирате и оружје со кое ќе уништите човечки животи. Се работи за тоа дизајнерот да си го постави прашањето – како сакаме да живееме? Дизајнерите треба секогаш да мислат за влијанието на нивниот дизајн врз корисникот, општеството и животната околина. Оттука, добар дизајн, условно кажано е решение што е корисно за клинетот но и што води сметка за влијанието врз општеството и околината.

Форумот на „Скопје креатива“ продолжи со првата сесија, Форум за креативни прототипи, модератор беше Иван Мирковски, а се претставија проектите „Паратисима.мк“, „Виртоскоп“ – ИТ продукти и што со нив откако ќе ги развиеме, „Македонска мушичка“, „Тактилис“, „Мириса на дожд“ и „Модулар“. Во втората сесија, која ја модерираше Нина Николиќ, беа вклучени прокетите; „Летз“ – првиот активен асистент за лична продуктивност, „Стартап Македонија“, „Емкице“, „Дизајн тинкинг за развој на (социјални) иновации и нови (социјални) бизниси“ и „Предностите од градењето на заедницата“. Во третата сесија се зборуваше за креативноста како почетна точка за основање иновативен бизнис, за фотографијата и видеото како клучна содржина во веб-дизајнот во Македонија и за краудфандингот како алтернативен концепт за финансирање.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.