On the Road – Igor Kirov (CNT Split Ballet)

НА ПАТ – Јохан Себастијан Бах
Балетска претстава на Игор Киров
Хрватски национален театар – Сплит (Хрватска)

Игор Киров – кореограф, Јохан Себастијан Бах – музика, Александар Ношпал – костимографија, Бранимир Бокан – светло дизајн

Солисти: Екатерина Кузњецова, Матеа Милас, Габриела Меде, Ева Карпиловска, Хазуки Танасе, Тина Хатлак, Лејла Бајрамовиќ, Аља Кадриќ, Артјом Жусов, Иван Бојко, Александар Корјаковски, Ремус Димаче, Ромулус Димаче, Урош Шкапер, Аскатбек Јусупжанов, Јевен Барановски, Франческо Бруни

Најистакнатиот македонски танчар и кореограф, единствен по своите уметнички креации, неуморлив дух, ентузијазам и динамично-магнетски темперамент ја потврдува својата доминација намеѓународната сцена, овој пат во улога на уметнички директор на Балетот при Хрватскиот народен театар од Сплит. Таму Игор Киров продолжува да ја култивира традицијата на класичен и модерен репертоар, постојано трагајќи по нова танцова естетика, насоки и правци. „На пат“ е музичко-сценско дело што стои на работа меѓу сонот и реалноста. Користејќи ги како музичка подлога „Голдберг варијациите“ на Јохан Себастијан Бах, балетот комбинира класични и современи танцови елементи во изведба на 17 танчери. Во него Киров уште еднаш докажува дека имагинацијата, динамиката и техничката подготовка претставуваат јадрото на неговата кореографска уметност. „На пат“ е претстава која ја гледате во еден здив, „залепени“ за седиштето – во 57 минути пред вашите очи „прелетуваат“ 32 танцови приказни што нурнуваат една во друга во континуирана секвенца на софистицирани движења и на крајот потполно исчезнуваат. Со „На пат“ Игор Киров исцртува уште еден оригинален кореографски потпис каде неизмерниот талент, автентичноста и уметничката рефлексија му овозможуваат да допре онаму каде што повеќето други кореографи не успеваат.

dare

dare

Уредник на муабет.мк