ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ НА SKOPJE CALLING 2017:

СУПЕР ВОЗБУДЛИВИТЕ THIEVERY CORPORATION ВО СКОПЈЕ!

Драги пријатели,
Големо задоволство ни е да Ве информираме дека приказната со концертната сезона 2017-та продолжува. Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, Thievery Corporation доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот Skopje Calling 2017.

Авалон Продукција како и за секој свој избор за концерт во Македонија, секогаш настојува да ги задоволи апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба. Се разбира, заедно со личните апетити и музички вкусови на продукцијата. Така и овој пат се одлучивме за бенд којшто е маестрален во живо и можеби единствениот во светот кој со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика.
Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на 20-ти јуни на Скопското Кале со почеток од 21 часот.
Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн.
Thievery Corporation во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. Скопје може да очекува вистински спектакл!

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.