Промоција на книгата „Што ако ова е рајот?“ од Анита Мурџани

Заборавете една вечер на „Топ тема“. Дојдете на малку поинаква „дебата“.
Ќе експериментираме на една интригантна тема, која воедно е и наслов на новата книга на Анита Мурџани:
„ШТО АКО ОВА Е РАЈОТ?“
На неодамнешниот Саем на книгата издавачката куќа Концепција ја издаде новата книга на светски познатата авторка на бестселерот „Умирам да бидам своја“, преведена на повеќе од 47 јазици и продадена во милионски тиражи ширум светот. Се сеќавате, се работеше за вистинита, автобиографска приказна на авторката за нејзиното блиско искуство со смртта и едно од најфасцинантните излекувања од краен стадиум на рак досега познати во медицината. Дознавање од прва рака за тоа што лежи „од онаа страна“, во другата стварност.
Што има другата стварност да ѝ каже на оваа тука, нашава?
Зошто пораката на Анита е толку моќна?

И, конечно, ако целта на животот е патувањето, а не дестинацијата, можно ли е навистина ОВА да е рајот – овој физички живот што го живееме тука, на Земјата?
Анита Мурџани вели „да“, а во својата нова книга ни покажува КАКО е тоа можно.
Дојдете заеднички да „загребеме“ ново делче од вистината. Можеби дома ќе се вратите посреќни.

 

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.