Четврти Скопски цветен фестивал

Со особено задоволство ви го најавуваме Четвртиот Скопски цветен фестивал – СЦФ кој ќе се одржи на 27 и 28 мај 2017 година, во Парк Македонија (паркот спроти Веро 2 во Тафталиџе), под прокровителство на Градоначалникот на Град Скопје.
Целта на фестивалот е на едно место да ги собере љубителите на цвеќето и природата, професионалци во областа, уметници, деца и ученици кои на овој простор ќе ја изразат својата креативност.
Во двата фестивалски дена ќе се случуваат следниве активности:
1. Цветни градини – изложбен простор на професионалци и ученици
2. Дизајнирање цветни површини
3. Креативни работилници
4. Уметничко катче со еко-пораки, тематски претстави, отворена гaлерија, мултимедијални перформанси, вежбање на отворено…
Oрганизаторот на фестивалот обездува простор каде ќе може да се претставите со ваш дизајн и производи. Настанот ќе има медиумска покриеност и соодветна афирмација.
Со надеж за успешна соработка, срдечно ве поздравуваме!
Подетални информации за фестивалот може да добиете на:
email: cveten.festival@gmail.com

dare

dare

Уредник на муабет.мк