Македонските учесници во проектот ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО на средба со Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет

Поддршка од Претседателот на МОК за Македонската Делегација со порака и поздрав за континуирана меѓусебна комуникација и дружење

Македонските учесници во проектот “Фудбал за Пријателство“, Младите Амбасадори Стефан Талевски, млад фудбалер од подмладокот на ФК „Пелистер“ од Битола и Симона Костадинова, ученик од Скопје и Националниот Амбасадор на проектот, проф. д-р. Наташа Мешковска, во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) остварија средба со д-р Васил Тупурковски, Претседател на МОК и г-дин Владимир Богоевски, Спортски Директор на МОК. На средбата Македонските учесници го претставија проектот и неговите цели и разговараа за неговите вредности – пријателство, мир и еднаквост, како и поттикнување на негување на истите помеѓу граѓаните на Македонија. Младите Амбасадори на присутните им подарија сино-зелена Алка на Пријателството – официјален симбол на проектот и неговите клучни вредности.

„Голема чест и задоволство ми претставува можноста да ја продолжам личната спортска кариера како Амбасадор на проектот ‘Фудбал за Пријателство’. Верувам дека заедно со другите претставници од Македонија, пред сѐ младите Стефан и Симона, ќе ги промовираме вредностите и значењето на овој голем интернационален проект. Истовремено, очекувам дека ќе наидеме на поддршка од целокупната македонска јавност и заедно ќе продолжиме да ги негуваме вредностите на проектот.“ – изјави проф. д-р. Наташа Мешковска, Амбасадор на проектот „Фудбал за Пријателство“ за Македонија.

„Како прв директен учесник од Република Македонија во проектот ‘Фудбал за пријателство’ чувствувам голема одговорност при ширењето на неговите клучни вредности помеѓу моите врсници. Се надевам дека со реализација на еден ваков проект ќе ги мотивираме и поттикнеме сите луѓе да ги шират и секојдневно да ги применуваат вредностите – одлика на проектот.“ – изјави Стефан Талевски, Млад фудбалер од подмладокот на ФК „Пелистер“ Битола.
„Како Претседател на Македонски Олимписки Комитет и повеќедецениски протагонист на случувањата во спортот, воопшто, со огромно задоволство давам лична поддршка на проектот ‘Фудбал за Пријателство’. Од тоа што го разговарав со Македонските Учесници можам да заклучам дека ваквиот пристап со сигурност ќе допринесе за развој на спортскиот дух и спортската култура. Дополнително, за времињата во кои живееме вакви високо морални процеси се неопходни за одржување и развој на меѓучовечката толеранција. Затоа, ги поттикнувам Стефан и Симона да продолжат и по завршувањето на проектот интензивно да комуницираат со сите стекнати другари и пријатели – затоа што денес е тоа лесно и едноставно. Ја користам оваа можност на Македонската Делегација да и пожелам пријатно и успешно патување во знакот на спортскиот дух.“ – изјави д-р Васил Тупурковски, Претседател на МОК.

Координатор за Македонија: АПРА Портер Новелли Македонија
Контакт лице: Маргарита Андоновска
Контакт телефон: (+38971) 313 446

За проектот „Фудбал за Пријателство“
Меѓународниот детски општествено-одговорен проект „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО” го реализира Акционерското Друштво „Газпром”, официјален партнер на ФИФА и Светското првенство за фудбал 2018 година, во рамки на програмата „Газпром за децата”. Целта на овој проект е развој на детскиот фудбал, популаризациjа на младинскиот спорт, и здравиот начин на живот, како и едукација за толеранција и промовирањето на пријателството меѓу децата од различни земји, националности и култури. Клучните вредности коишто ги поддржуваат и ги промовираат учесниците се пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.

dare

dare

Уредник на муабет.мк