WordPress Meetup #12 – За почетници и поискусни

Ново топло лето, нов концепт на организрање на средбите.
Овој пат две теми, двајца различни предавачи.

19:30-20:15 Предавање/Работилница: „Основи на WordPress“ (за почетници)
Инсталација, опис на администраторски панел, инсталација на додатоци (плагини) и теми. Наменета за сите оние кои сакаат да се запознаат со оваа одлична платформа, како се инсталира и како се користи.
Предавач: Виктор Вељановски

20:15-20:45 – Прашања, коментари, дискусија.

20:45 – 21:30 Предавање: „Создавање на WordPress“ (за поискусни)
Вклучување во глобалната WordPress заедница преку „контрибуирање“, придонес на различни начини со цел усовршување на самата WordPress платформа; менторство, предности и придобивки на отворениот код (оpen source).
Предавач: Томе Пајковски

Во првиот дел на средбата сите заинтересирани може да си понесете сопствен лаптоп. Со помош на предавачот ќе можете да изградите личен веб сајт. На работилницата ќе се разгледа чекор по чекор процесот на градење на еден веб сајт со WordPress од инсталација до објавување. Работилницата е наменета за сите почетници, оние кои за прв пат се сретнуваат со WordPress или за оние кои сакаат да изградат сопствен веб сајт со кој ќе ги пласираат своите знаења на интернет.

Вториот дел на средбата ќе ја води нашиот втор предавач Томе Пајковски. Со него ќе поразговараме за тоа
што значи да учевствуваш во создавањето на WordPress, начините на кои можеш да помогнеш, што ќе добиеш од придонесот и зошто работата на Open source проект е добра инвестиција.

Местата се ограничени, затоа ве молиме пријавете го вашето учество на следниот линк 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.