Црвената Соба – балет

ЦРВЕНАТА СОБА – Модерен балет
14.06.2017 во 20.00ч. во МОБ
Билетите се во продажба на билетарницата на МОБ 02/3118451, ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат, и онлајн на www.mob.mk и www.karti.com.mk

Кореограф: Игор Киров
Музика: Франц Шуберт
Асистент кореограф: Мојца Мајцен (Словенија)
Либрето: Сашо Димосkи
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Александар Ношпал
Репетитори: Тања Вујисиќ-Тодоровска, Саша Евтимова, Олга Панго
Светло мајстор: Милчо Александров

НАСТАПУВААТ:
Смрт: Александра Мијалкова
Пророк: Васил Чичијашвили (Грузија)
Девојката: Мими Поп Алексова Атанасовска
Свитата на смртта: Марија Кичевска Шокаровска и Андреј Литвиненко (Украина)
Толпа: Саша Евтимова, Марина Анастасовска, Илијана Данилов, Диљана Јанева (Бугарија), Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Агим Бафтии, Ендру Кук (Англија), Светлин Стојанов

Световите во „Црвената соба“

По либрето на Сашо Димоски

Либретото за современиот балет „Црвената соба“, според Шубертовиот „Гудачки квартет бр. 14“, има своја предлошка насловена „Смртта и девојката“. Поаѓајќи од постоечкиот мотив, кој има свои бројни сценски постановки, па дури и екранизација, фабулата на приказната добива свое проширување: Смртта, која копнее по љубов и единство доаѓа меѓу луѓето и се заљубува во Пророкот, па оттргнувајќи го од сите негови земски врски, го носи во светот на Подземјето, светот на Црвената соба. Оваа иницијација на Пророкот има двоен фабуларен тек: во неговата потрага и во обид да го врати назад во земскиот свет, Девојката започнува свое иницијациско патување. Во подземјето, таа успева повторно да ја придобие љубовта на Пророкот и заедно да се вратат меѓу видливиот свет, а Смртта останува сама да копнее по своето единство, опкружена со самотијата и познатоста на сопствениот свет. Покрај оваа тријада, останатите актери во либретото се претставени пред публиката преку состојби и чувства, а не преку именувани ликови, кои се контастно поставени – земското наспроти подземското.

На оваа линија, „Црвената соба“, од една страна, станува сценски експеримент за вечната потрага по единство, за потребата од припадност, за своината, за копнежот по љубов и од друга страна – за самотијата како единствен облик на апсолутно припаѓање и сето тоа преку говорот на телото кое е во криза.

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.