Јабланица – Село споменик (1)

На околу петнаесетина километри, од патот Струга – Дебар, лево, кон планината Јабланица се наоѓа селото кое го носи истото име како и планината Јабланица. За да се стигне до него, треба да се помине низ две други села – Лабуништа, а потоа Боровец. Тие се населби од збиен тип, куќа до куќа и како да немаат дворови. Куќите се скоро сите нови и на катови, па повеќе личат на градови одколку на села! Од Боровец нагоре, кон нај високите врвови на Јабланица, води не многу широк асвалтиран пат, кој минува низ неверојатно густа шума, наместа со столетни букови дрвја. Некои од нив си го изминале векот, суви, и искршени од ветрот ,, крилја’’ стојат немо и како, молкум да раскажуваат за длабоката и богата историја на Јабланица – осамено планинско село, сега селце, зашто ,, манијата ‘’ за одење во странство , ,, дома ‘’ или надвор го запустило. Патуваме нагоре и се нагоре, самата прироада, амбиентот, пезажот, се такви што не те остава рамнодушен, зашто колку повеќе одиме нагоре, толку амбисот поднас е се подлабок и застрашувачки! Ние горе, а поднас во јато летаат птици! На две – три места се јавува чистинка која дозволува да ја видиме поднас и акумулацијата на ХЕЦ ,,Глобочица’’, со својата мирна, тиркизно – зелена водена површина. И, одеднаш, сега одоздола, ѓи здогледуваме, оддалеку, куќите на с. Јабланица!

Нив, неможеш со еден поглед да ѓи опфатиш, зашто селото е од ,,раштркан тип’’, или како што вели дедо Недан Петроски ,, павиљонски тип’’! Така, тие зафаќаат огромен простор. За да го изодиш селото на долж и на шир потребно е од 45 минути од 1 час (нагоре)! Селото Јабланица е расположено во една амфитеатрална заветрина, свртена кон Југ, на припек. ,,Павиљонскиот тип’’ придонел селото да се состои од повеќе ,,мали’’ (маала). Нај ниска е ,,Топлец’’, а највисоката  ,,Шајнова мала’’.Разлика во висинска смисла е, речиси, 300метра! ,,Топлец’’ е на 950 м, а ,,Шајнова’’ на преку 1200 метри н.в! Но, во однос на земјоделското производство, па и сточарството, нема разлика зашто теренот има своја ,, микро’’ клима. Кога  веќе ѓи спомнавме ,,малите’’, останатите друѓи ѓи носат имињата: ,,Долна мала’’, ,,Горна мала’’ , ,,Дејкоска’’, ,,Гров’’ , ,,Ломница’’! Прв пат с. Јабланица се спомнува во душанвата повелба за манастирот Св. Богородица Перивлепта во Охрид, во 1342 година, а податоци за родовите во селото и нивното потекло се содржи во книгата ,, Дебарски Дримкол’’ од доктор Миленко Филиповиќ. Според кажувања, пренесувани од колено на колено јабланчани најпрвин живееле во селото Бигор, но заради зулуми се растурило, па еден брат го населил денешната пискупштина, соседно на Јабланица друг заминал за Јабланица и ја основал Дејкоска мала – нај старата маала во Јабланица. Третиот брат заминал во соседното село Боровец и го формирал – Мартин село. Денес на местото Бигор постои црквичка посветена на св Јован Претеча, но има и голем број надгробни плочи, без некаков логичен распоред и без некакви обележја. Куќите во селото Јабланица , скоро сите се градени од делкан и мазен камен, на приземје и кат, со естетски изразени елементи од македонската нацоналнта архитектура и затоа претставуваат интерес за студентите од архитектурата и градежништвото кои со свои професори доаѓаат на студиско проучување. Прави впечаток дека повеќе градби се лоцирани на ,, гребенот’’ – сртот на многуте ритчиња на селските реќички, а помалку крај нив. Со тоа жителите си обезбедиле, се чини, дополнително задоволство да уживаат во панорамата кон целата околина, планинските високи врвови, но и кон просторната Дримколска котлина заедно со малку замагледното, во далечина, Охридско езеро.

Кога зборуваме за изградба на куќи покрај познатите обичаи да се избира соодветно место, кај Јабланчани има и интересни обичаи каде нетреба да се гради куќа! Имено несмеело да се гради на место каде некогаш се складирало жито, или од како ќе се ископаат темели, се барало ,, нешто живо’’ – црв или мравка. Ако такво нешто не се најде во ископаната земја, изградбата на куќата се вршела на друго место. Тоа го констатираат  научниците Марјан Покропек, Томаш Стрончек во својата книга ,,Споредбена монографија’’ на македонското село Јабланица и полските села Пјентки и Твароги, народна архитектура Скопје, ИФ, 1992. За Јабланчани може да се употреби изразот ,, многу’’! на пример тие се многу побожни луѓе како празници на селото тие ги обележуваат св Јован, св Иван, трет ден духови, Крстов ден, Св. Илија кој е и заштитник на селото јабланица, а Илинден е селска слава. Речиси секоја маала има своја црква или црквичка. Црквичките ги нарекуваат ,, ваковчиња’’. Одделно , има и соборна црква Св. Илија, за која ќе стане посебно збор. Во Топлец мала се наоѓа црквата ,, Пресвета Богородица ‘’ во Дејкоска Св. Мина меѓу народот позната како Св. Мартинија, а во друѓите ,, мали’’ се Св. Параскева, Св. Петка, Св. Никола и тн. Сите се изградени од делкан камен со сите естетски ,, нишани’’ . Како Св. Параскева и Св. Петка и на пророкот Св. Илија му се посветени две цркви: спомнатата – соборната и манастирската црква Св. Илија на врвот на еден рид кој се наоѓа на 1450 метри надморска височина – ,,близу до небот’’ може да се каже дека овој сакрален објект е обнова врз темелите на постар црковен објект и се наредува меѓу ретките на таква височина.

Од тука погледот е доминантен на сите страни, за посетителот – ретко доживување! Околу објектот е стара букова шума со огромни стебла кој веќе одат кон својот ,, крај ‘’, но сеуште опстојуваат на громовите и светкавиците! … Чудо е како сегашните не многу бројни жители се упорни во настојувањата за животот таков е каков е, да се продолжи како ништо да не се променило! Манастирот Славиј првата недела по Крстов ден ( воздигнување на светиот крст, на 27 Септември) во манастирот се организира народен собир на кој учествуваат повеќ од 4 – 5000 посетители, а се служи ручек за повеќе од 3000 гости. Настанот е поврзан со една локална леѓенда која се пребесува од генерација на генерација. Леѓендата може да се прочита на следниот линк.

Крај на првиот дел.

Facebook Comments