Нова книга од Восток

Издавачката куќа ВОСТОК неодамна ја објави книгата „За смислата и апсурдот“ од Славица Гаџова Свидерска. Книжевните студии во книгата За смислата и апсурдот, претставуваат извонредни есеистички и книжевно-херменевтички текстови што ги отвораат горливите прашања за човекот и светот како што се моќта, насилството, потрагата по вистина и смисла, релативноста на перспективите и светогледите. Човековата потрага по смисла често запаѓа во стапиците на апсурдот, па затоа оваа книга го добила токму овој наслов. Славица Гаџова Свидерска (1984, Битола), доктор на филолошки науки, поет, есеист, книжевен теоретичар и преведувач. Ги објавила поетските збирки Бесконечност (2001), Писма (2012), Политики на љубовта (2015) и Тела (2016) и научната студија Книжевноста и дискурсите на моќта (2013). Учествувала на бројни поетски фестивали и е добитничка на голем број награди, меѓу кои Енхалон на Струшките вечери на поезијата (2012) и Караманов (2016). Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, словачки, чешки, српски, хрватски, босански, италијански и албански јазик. Се занимава со проучување на врските меѓу книжевноста, дискурсите на моќта и политичкото насилство.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.