МЛАДА, АМБИЦИОЗНА, ТАЛЕНТИРАНА, НАГРАДУВАНА

Младата и успешна поетеса и писателка, апсолвентка на Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’ во Скопје, Викторија Петровска за која имавме чест да пишуваме во повеќе наврати не престанува да изненадува и да го живее животот со секојдневно исполнување на своите соништа.
Нема литературна манифестација каде не го сретнуваме нејзиното име, а не пропушта да освои и некоја од главните награди.
Овојпат Викторија нè израдува со освоена највисока награда на државната манифестација ,,Поетска Гала’’ во организација на Милица Паулус, која се оддржа во Универзитетската библиотека ,,Гоце Делчев’’ во Штип.

Таа вели дека никогаш не здосадува тоа чувство кога ќе го прочитаат твоето име на ,,врвот’’, а погледот од таму е најубав.
Викторија ни открива дека во иднина покрај продолжувањето на студиите, ќе го објави нејзиниот роман првенец, за кој се подготвува.
Уште таа вели дека испратила творби за неколку меѓународни литературни конкурси за кои очекува награди.
А, во блиска иднина се надева и на остварување на нејзиниот најголем сон и животна желба, да ја гледаме пред телевизиските екрани.
Ü ја посакуваме целата среќа и да продолжи да чекори по патот на успехот, бидејќи тој е непогрешлив.

Facebook Comments
dare

dare

Уредник на муабет.мк