31от Охридски пливачки маратон на 19ти август ќе собере повторно врвни пливачи

На 19ти август, сабота, се одржува 31от Охридски пливачки маратон кој од 1962 година се случува во водите на Охридското езеро. Првата маратонска трка се одржала дури во 1954 година во должина од 2,5 километри да по неколку години трката се претвори во 30 километарско макотрпно докажување на спортски и пливачки способности, истрајност, дисциплина и храброст.

Женските трки во овој маратон се одржуваат уште од самите зачетоци кога Атина Бојаџи беше првата жена да победи на трката во 1962 година. Мината година златото го зеде Олга Кузудуб од Русија.

Главен покровител на охридскиот пливачки маратон е претседателот на Република Македонија. Маратонот е организиран од страна на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и пливачката федерација на Република Македонија, а од оваа година како ко-организатор се јавува и Општина Охрид.

dare

dare

Уредник на муабет.мк