Концерти на „Пандеиро“ и дуо Бојкоски

Летната манифестација „Скопски летен ритам“ на 17 август (четврток) на плоштадот Мајка Тереза, во 20:30 часот го организира концертот на групата „Пандеиро“.
Со својот репертоар од традиционални бразилски самба нумери, до модерна самба и боса нова и теми од бразилски автори, „Пандеиро“ ќе ја надополни музичката култура на Скопјани.
„Пандеиро е музички инструмент од Бразил, кој е непознат за нашата јавност, а беше инспирација за името на бендот. Досега имаме настапувано на многу сцени, но во состав на „Тумбао Салса Бенд“, кој има различен репертоар од „Пандеиро“. Предизвик е самба ритамот да се пренесе во вистинско светло и автентично да се долови овој вид музика на отворена сцена“ – вели Арсо Јаневски проект менаџерот на „Пандеиро“.

Составот во кој членуваат Билјана Ѓошевска – вокал, Петар Ренџов – гитара, Кире Кузмановски – флејта, Горан Гешовски – бас и Арсо Јаневски – ударалки, ќе се обиде да ги плени слушателите кои вечерта ќе бидат присутни на плоштадот Мајка Тереза.
„Сакаме вечерта да ја пренесеме бразилската атмосфера во Скопје“ – вели водачот на бендот Арсо Јаневски.
Конгресниот центар „Александар Македонски“ на 20 август (недела) на плоштадот„ Богородица“ во 20:30 часот го организира и концертот на гитари на „Дуо Бојкоски“. Дуото подготви репертоар од класични композиции, џез и фламенго.
Концертите во рамки на манифестацијата „Скопски летен ритам“ се бесплатни и се во организација на Конгресниот центар „Александар Македонски“

Facebook Comments
dare

dare

Уредник на муабет.мк