Самсунг Галакси Ноут8 представен во Македонија!

По светската премиера, Самсунг Галакси Ноут8 (Samsung Galaxy Note8) денес беше представен и во Македонија. На настанот преку низа активности како скицирање, цртање, дизајнирање и фотографирање демонстрирани од Душко Зафировски, Томо Спасовски и Иван Алушевски, беа прикажани квалитетите кои ги поседува овој нов уред – поголем “бесконечен” екран (Infinity Display), подобрено “S Pen” пенкало за лична комуникација и најдобра камера која Самсунг до сега ја направил на паметните уреди за фотографирање на квалитетни фотографии.+

Самсунг Галакси Ноут8 на македонскиот пазар ќе биде достапен од 15. Септември, 2017 година, во две бои – Полноќно Црна (Midnight Black) и боја на Златен Јавор (Maple Gold), по препорачана малопродажна цена од 59.888 денари.

„Нашиот Ноут бренд има верни корисници, а дури 86% од нив споделуваат дека се заљубени во своите уреди. Корисниците се наша константна инспирација и континуирано тежнееме да им овозможуваме подобрени уреди. Земајќи го ова в предвид, го дизајниравме Галакси Ноут8, кој им овозможува на луѓето да направат работи за кои никогаш не помислувале дека ќе можат, и сето тоа благодарение на поголемиот екран, напредното ‘S Pen’ пенкало и моќната двојна камера. Токму овој спој на единствени функции и можности на Ноут8 се причината за лојалноста на нашите корисници.“ – изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор во Компанијата Самсунг за Адриатик Регионот.

“Бесконечен“ Екран
Иако Галакси Ноут 8 има до сега најголем екран од сите Ноут уреди, неговото тесно куќиште овозможува удобно држење на уредот во една рака. Дијагоналата од 6,3 инчи на “бесконечниот” екран Quad HD+ Super AMOLED им овозможува на корисниците да видат повеќе, а да прелистуваат помалку. Исто така, овој уред на корисниците им овозможува повеќе простор за гледање, читање, цртање, што го прави најдобар мултитаскинг “паметен” уред. Покрај “Multi Window“ опцијата за отварање неколку прозори истовремено, Ноут 8 воведува и нова функција “Pair” за креирање персонализирани парови на апликации на “Edge“ панелот со истовремено стартување на две апликации.

“S Pen” пенкало
“S Pen“ пенкалото кај Ноут8 уредот има потенок врв и подобра чувствителност на притисок овозможувајќи нови начини на пишување, цртање, интеракција со телефонот како и комуникација со пријателите. Со овој модел сега е овозможено и споделување на анимираниот текст или цртеж преку различни платформи кои подржуваат анимирани GIF-ови (AGIF format). Оваа опција претставува целосно нов начин на комуникација која со помош на “S Pen” пенкалото кое креира живи, чувствителни врски и ја оживуваат пораката на корисникот. Со опцијата “S Pen Translate“ корисниците можат во текот на патувањата уште побрзо да преведуваат текстови, цели реченици на дури 71 јазик, како и веднаш да конвертираат единици во странски валути.

Facebook Comments
dare

dare

Уредник на муабет.мк