Повеќе од 100 изведувачи и 500 песни се доставени до организаторите на МАРС 2017

Македонскиот радиски фестивал, МАРС, оваа година ќе го прослави својот 10 годишен јубилеј. Традиционално, и оваа година ќе бидат избрани најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани и испратени до организаторите од над 30 радиостаници во Македонија.
„Стигнавме да го направиме и 10от македонски радиски фестивал кој последниве години многу повеќе заличува на манифестација отколку на фестивал. Ние уште пред неколку години го трансформиравме фестивалот и начинот на валоризирање и на наградување. Начинот на изведба на нештата се претвори во еден вид на манифестација која ги наградува како авторите така и изведувачите. По многу нешта останавме, не само единствени во земјава, туку и единствени во

регионот. Кога почнувавме ги имаше Хрватски радиски фестивал, Србија го имаше својот радиски фестивал и Босна и Херцеговина радискиот фестивал. Нив повеќе ги нема, а ете ние опстанавме 10 години.“, истакна Антонио Димитриевски, организатор на МАРС 2017. Тој додаде дека Меморија, кои се докажаа дека со децении може да си на македонската сцена и дека можеш да продолжиш да се надградуваш, на само неколку денови пред својот голем концерт ќе настапат на МАРС 2017.

10от јубилеј повторно е во организација и продукција на КЦ „Александар Македонски“ и е поддржан од страна на Град Скопје.

Повеќе од 100 изведувачи и 500 песни испратени од македонските радио станици беа разгледувани и најслушаните се најдоа на финалната листа. Истата беше оценувана од страна на посебно жири составено од претставници на национални и локални радија од различни региони од Македонија.

Изведувачот кој ќе биде прогласен за апсолутен радиски хит за 2017 година добива парична награда од 60.000 денари, а за авторот на една од финалните песни чиј текст ќе биде прогласен како најдобар од страна на реномирани новинари од разни медиуми во Македонија ќе добие награда од 10.000 денари.

10то издание на МАРС 2017 ќе се одржи во вторник, 14.11.2017, со почеток во 20.30 часот во Македонска опера и балет.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.