Травијата / La Traviata – Giuseppe Verdi

За „Травијата“…
За мене најважното нешто во операта, генерално, е да видите реални карактери и вистински емоции на сцената, не само површна сценска игра и пеење. Она што мене особено ме интересира е да ги слушнам приказните што луѓето имаат да ги раскажат. За мене, Верди е еден од најголемите раскажувачи на сите времиња.

Вистински човек на театарот кој своите на своите ликови им дава време да размислат пред да проговорат, време да реагираат на нештата што се случуваат околу нив. Со „Травијата“, тој уште еднаш ги крши табуата. На сцената не донесува кралеви и кралици или херои, што било пракса на оперските композитори на времето. Напротив, на сцената тој донесува „нормални“ луѓе. Но, и повеќе од тоа: дозволува главниот карактер во операта да биде една жена со низок морал, љубовница. Во „Травијата“ се наоѓаме себеси во т.н. „демимонд“. Ја гледаме Виолета и нејзините пријателки, љубовници на најбогатите мажи во општеството како се забавуваат. Овие мажи кои дома имаат сопруги и деца, можат да си дозволат слободното време да го поминуваат со млади убави жени. За возврат, тие им обезбедуваат станови и им купуваат автомобили, им подаруваат скапи подароци, накит и фустани, што ги прават уште поатрактивни и попривлечни. Овој животен стил на жените „придружнички“ на мажите од високата класа не е нешто што било својствено само за 1850-тите. И денес постои, а сигурно ќе продолжи да постои и во иднина. Она што мене особено ме интересира врзано за овој животен стил е лицемерието што стои позади него. Луѓето зборуваат за вулгарноста во изгледот и однесувањето на некои жени, а од друга страна и тие самите сакаат да гледаат разголени девојки на модните писти, во видео спотовите и рекламите. Вистината е – сексот се продава.

 

Facebook Event

dare

dare

Уредник на муабет.мк