Дводневна работилница

Она што го гледаме надвор од себе е резултат на она кое го носиме длабоко во себе.За да направиме било каква промена потребно е да почнеме со промената од самите себе.Тоа е единствениот начин кој може да ни даде трајни резултати.

Програмата “Креирај се себеси“ ви нуди метода која ќе ве доведе до вистинска внатрешна трансформација на секое ниво од вашето постоење (ментално, емотивно и духовно).
Оваа работилница ќе ви помогне да се ослободите од ограничувањата и да го промените вашиот поглед кон животот, да постигнете внатрешен мир и емотивна стабилност, да изградите позитивен ментален став, да престанете да живеете на туѓ идентиет и да се ослободите од несвесниот терет од минатото кој го провлекувате низ сегашните искуства.

Темите кои ќе ги работиме овие два дена се:
– Принципи за креирање на себеси
– Идентитет ( колку навистина живееме на својот идентитет)
– Негативни мисли и верувања
– Креирање на позитивна слика за себе
– Поврзување со детето во себе
– Емоции
– Ослободување од програмите
– Мисија и фокус
– Креирање на нови верувања
– Визуализации и афирмации

Facebook event

dare

dare

Уредник на муабет.мк