Лебедово езеро / Swan Lake – P. I. Tchaikovsky

Опстојувајќи на сцената повеќе од 130 години, „Лебедово езеро“ е без сомнение најголемото балетско дело на сите времиња. Успехот на балетот во најголема мера се должи на прекрасната музика на Петар Илич Чајковски што претставува едно од најголемите уметнички остварувања во историјата. Чајковски балетот го завршил во 1876 година за Бољшој театарот од Москва. Во кореографија на Јулиус Рајзингер, балетот премиерно е изведен на 22 февруари 1877 година. Без намера да направи реформа во балетската музика, Чајковски се оддал на пишување на „Лебедово езеро“ третирајќи го балетот како уметничка форма достојна за имагинативна музичка содржина.

Facebook Event

dare

dare

Уредник на муабет.мк