ЛУЗЕР ФЕСТ 2017

9.12.2017 || МКЦ, Скопје || Билети: 100 денари.

Со ЛУЗЕР ФЕСТ – еден од нам омилените настани, НА 9-ти ДЕКЕМВРИ годинава имаме чест да го затвориме обемниот 10-дневен концертен календар на Таксират 2017! Финалистите кои ќе настапат на „Лузер Фест“ се веќе одбрани, а заедно со публиката и жирито можеме да ги започнеме кондиционите подготовки за целовечерниот настан на кој ќе го одбереме победникот кој ќе си снима албум!

Финалисти на ЛУЗЕР ФЕСТ 2017 (по азбучен ред) се:
Bona Dea, Conspiracy, DARK SKY, Kain/Каин, Man In a Suit, Sybil и TRIGGERED.mk!

Со овие имиња првиот круг на „Лузер Фест“ се затвори, a за финалето ве повикуваме да ги поддржите младите демо бендови на лице место и заедно да ја освежиме сцената со нови сили!

Facebook Event

dare

dare

Уредник на муабет.мк