Ничија земја

Инерција на уништувањето

Во сценариото Ничија земја на Данис Тановиќ станува збор за војната што се случи во деведесеттите години на дваесеттиот век во границите на поранешна Југославија. Причината е слична како и за сите настанати војни ― агресивното опстојување и наметнувањето на своевиден културен идентитет (вклучувајќи ја и верската припадност) што се меша со територијални, политички и економски претензии. Интересно во случајов е дека завојуваните страни ― Бошњаците и босанските Срби ― се многу блиски во секоја смисла. Оттука и впечатокот дека непомирливите разлики меѓу нив се несуштински, а конфликтот ― неодржлив. Тие војуваат, дури не можат точно да утврдат зошто и како започнало сè – се прашуваат, но не наоѓаат одговор. Но продолжуваат да се убиваат… Ако овој текст сепак успева да надогради нешто малку поразлично од веќе познатото во опширно развиената воена тема, тоа се состои во појавата на страшната и бескрајна инерција на уништувањето.

Повеќе за претставата тука

dare

dare

Уредник на муабет.мк