Родово базирано насилство врз жени во спорт

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и ТАКТ, Скопје, а во соработка со Агенцијата за млади и спорт, го имаат задоволството да ве поканат на конференција „Родово базирано насилство врз жени во спорт“ која ќе се одржи на 28 ноември 2017 г. (вторник), со почеток во 9:30 часот, во хотел Парк – Скопје.

Темата на насилство врз жените во спортот кај нас до сега не се обработувала и ова ќе биде одлична прилика за актуелизација на ова прашање.
Ќе ни биде чест да присуствувате на конференцијата и да го дадете својот придонес во дискусијата.

Конференцијата ќе се одржи со поддршка на Американската Амбасада во Македонија.

 

Повеќе на Facebook

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.