Мариово-таго наша! (2)

Мариовци, низ вековите на ропство трпеле терор, тешки даноци, ограбувања, грабања на деца и девојки, па затоа доѓало и до буни. Првите буни на балканскиот полуостров станале токму тука во Мариово. Првата во 1564-та година, а втората 124 години подоцна. Во нив се прочуле војводите Гане и Ѓело и особено Балто. Овој последниот со своите 150 бунтовници водел битка кај месноста ,, пештера” – тврдина над селото Старавина. Отоманците – напаѓачи неможејки бунтовниците да ѓи совладат со борба, па прибегнале кон измама. Го нашле изворот од кој бунтовниците се снабдувале со вода. Го пресекле водоводот и водата во тврдината секнала! Настанал невиден ,,пекол’’ жедта се појавила како сојузник на отоманците и така бунтовниците морале да се предадат! Следел ужасен маскр! Таа борба и трагедија е опишана во романот на мариовецот и книжевник Стале Попов ,, Калеш Анѓа’’. Со формирањето на ВМРО, мариовци масовно се вклучиле во неговата дејност. Во 1899 година во Мариво пристигнал револуционерот Петре Ацев, за да ги придобие ајдуците за делото на Организацијата. На тој начин дошло до формирање и на комитети во реонот.

Прв комитет на ВМРО бил формиран во селото Полчиште, на чело со Трајко Бешот, а потоа и во други Мариовски села. Интересен е пристапот на ајдукот Толе Паша. Тој , како арамија напаѓал богати без разлика на вера и националност, а пљачката потоа им ја делел на сиромаси, исто така без оглед на вера и националност. На тој начин Толе Паша го очистил од Арамии и зулумџии цело битослко и за својата храброст чесност и гордо однесување, од народот бил наречен Толе Паша. Тој замиот се сретнал со Петре Ацев: ,, Еве, и јас се борам како што знам. Еве тија мојата пушка. Јас на вас ,,теслим’’ се правам. Ако сум згрешил сакам да ме судите!  Ацев бил трогнат и му рекол: Земи си ја пушката и врати се во мариовско. Ти си достоен за постот војвода и никој од нас не  смее да ти го земе реонот, нити твојата слава која си ја извојувал. За жал, во 1904-та година, Толе Паша, во бој турскиот аскер загинува со својата чета во која бил и неговит син! Мариово дало и друг легендарен војвода наречен, пак од народот, Шакир војвода (Крсто Гермов). Тој бил безтрашен но духовит и весел човек. При една борба кога Турците му викнале: ,, Држи се сега Шакире’’! Тој запеал бунтовничка песна како одговор! Шакир секогаш знаел да се извлече со својата чета при опкружување, па така доживеал, по ослободувањето 1944-та година да стане и народен пратеник. За својата револуционерна дејност, оставил богат мемоарски материјал. Мариовци не по своја желба, учествувале и во двете балкански војни , а исто така и во првата Светска Војна. Биле војници и на Антантата, и на централните сили. Така ја имале ,, среќата’’ да стрелаат меѓусебе. Првата светска војна е посебно погибелна за мариовци, зашто тука, над нив, минувала фронтовската линија и штетите за нив биле големи како војници, цивили и грабање на добиток од војската пришто се уништени изедени 500 000 грла, но и многу добиток е жртва на ексползиите при борбите. Всушност, при тригодишната војна се уништени и многу села. Уште полошо било што при контактите на населението, особено со колонијалните војници ,,закачиле’’ тешки болести, особено венерични. Во 1918-тата година војната завршува настанува ново робство, но мариовци приврзани за својот роден крај, успеале да се ,,повратат’’ и заживеале ,,сносен’’ живот, продолжувајки да ги одржуваат своите векоквни обичаи, празници и фолклорот. Колку животот бил сносен разкажува писателот Георги Сталев кој потекнува од мариовското село Мелница. Тој вели: ,, мариовци не биле добри трговци. ”

Крај на втор дел…

Заштитени авторски права © муабет.мк. Сите права се задржани. Строго е забрането копирање, повторно дистрибуирање, издавање или менување на кој било материјал што се наоѓа на веб-страницата www.muabet.mk, без претходна писмена согласност.