Прв Новогодишен Базар

Честитка ве поканува на Првиот Новогодишен Базар, кој ќе се одржи на 17ти декември (недела) во хотел Континентал, Кристална Сала.

На Новогодишниот Базар, ќе учествуваат голем број на занаетчии и ракотворци со своите ракотворби – честитки, украси, ташни, плетени изработки, играчки, накит, икони итн.
Ќе ни претставува чест и задоволство ако дојдете и бидете дел од нашиот настан. Ги покануваме сите оние кои се обожаватели и подржувачи на ракотворците и нивните дела и оние кои сакаат да бидат дел од нешто ново, различно и да ја скратат монотонијата, да купат уникатен подарок на своите најблиски!

Дојдете заедно да ја доживееме и почуствуваме предновогодишната магија, да се дружиме со Дедо Мраз! Подготвивме слатки изненадувања за најмалите и голем број на награди за сите што ќе не посетат:

*Викенд за двајца во Охрид – две ноќевања со појадок
*Вечера за двајца
*Пакет млечни производи
*Новогодишна Торта

Влезот е бесплатен! Повелете!

Facebook Event

dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар