Мариово-таго наша! (3)

Некогашниот трговец од Прилеп Коне Рампов Врта (н) ковски, во 1932 година го испратил синаси во Мариово, во селото Врпски да купува од дедо Митре Кундев. ,, Прв пат појдов таму – чоеко не ме позна. Ме праша чиј сум – му кажав. На доверба ми даде 300 овци со јагниња. Кога го прашав колку пари чини чифто, ми одговори ,, Кога ќе дојда на пазар за митровден, ќе се разбереме со татка ти” … “во 1903-та година појдов во Полишта кај методија ракиџијо, ми даде 500-ни Јараиња. Кога го прашав колку чини јарето, ми одговори ,, терај, колегете ги со татка ти! Колку пари ќе земете за кожинчињата, толку ќе ми дадете! Пари за месото не ви барам”! така во Мариово се живеело некаде до по осободувањето кога настанува колетевизацијата, која не успејала и селаните сосема осиромашиле и потоа никогаш не се ,,повратија”! во 1956-та година започнува нај лошото – миграцијата! Нај првин мариовчани се селеле во Битола, Прилеп, Кавадарци, Скопје и други наши места, а потоа и во странство. Историјата на мариовци и Мариово застанува како некогаш часовникот на желесничката станица на Скопје на денот на земјотресот! Денес, изгледа ако сакаш да видиш нешто ,, Мариовско”, ќе треба да отидеш во тсранство а не во Мариово!… Мариово освен борци за слобода се до ослободувањето во 1944-та година дало и дејци во културата и просветата. Ќе ги спомнам само таткото и синот – Стале Попов и Ѓеорѓи Сталев.

Таткото е познат со извонредните романи кои го опишуваат Мариово – ,, Калеш Анѓа’’, ,,Толе Паша”, ,, Крпен Живот’’, и многу друѓи. Синот, пак Ѓеорѓи е ,, Попширен’’ и освен за МАриово пишува за настани далеку од него. Негови познати романи се: ,, Болен Дојчин’’, ,,Ангелина’’ и многу други книжевни дела. Освен тоа Ѓеорги е извонреден преведувач, препејувач на странска литература, писател за деца конпозитор и диргент. Особено му лежи руската класика, а кај нас Григор Прличев… Во Мариово не сум бил. Го знам од книгите и сликите. По некогаш, кога патувам за Прилеп или Битола, преку Градско автобусот застанува пред плетвар кај едно кафеанче ,, На кафе – пауза’’. Излегува од Автобусот, застанувам на ивицата преку патот и погледот го насочувам кон длабоката романтична долина Раец. На нејзината јужна страна, во подножјето на планината дрен сеуште се белее Макаданската траса на стариот пат за Прилеп, а до неа и излитени статоци од теснолинејната пруга градена во 1916 година за потребите на фронтот да војската на централните сили од првата светскса војна. По патот, и ако е сеуште употреблив нема да забележите ,, Жива душа’’. Оставен е на самиот себе на тивко умирање! Над котлината, горе, на самиот срт, е расположено малото село со поетично име Беловодица!

Преди многу години, на телевизија беше дадена репортажа на безброј калемените дивачки од студентите на земјоделскиот факултет со нивниот професор и работењето на рибник. За беловодица велат дека е ,, Портата на Мариово’’ , зашто од веќе споменатиот стар пат преку ова селце води пат кон срцето на прилепско Мариово. Патот кој ползи нагоре кон беловодица од котлината при јасни сончеви денови буди неверојатно чуство на носталгија по минатото на Мариово и неговата сегашна тажна состојба. Тоа ме тера да си потпевнувам Италијанската канцона, најмногу пеена во текот на втората светска војна: ,, Боџорно Тристеца! Тристеца миа’’! (Добар ден таго! Таго моја!)… Мариово – ,, Родното место на Итар Пејо од чија итрина ништо не останало денес! … се чека ли тој простор ,,дар од бога ‘’ тоа ,, чисто небо и земја’’ кој некогаш, макар и под ропство, плива во изобилиие, да ја доживее судбината на ,, Скопје – отворен град’’?!

Крај.

Напиша: Ристо Ќортошев

Заштитени авторски права © муабет.мк. Сите права се задржани. Строго е забрането копирање, повторно дистрибуирање, издавање или менување на кој било материјал што се наоѓа на веб-страницата www.muabet.mk, без претходна писмена согласност.

Сликите се превземени од страницата OFF ROAD Macedonia, ви благодариме.