. „Младите доаѓаат“, концерт на ученици со Македонската филхармонија

На 7 декември (четврток) во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт на кој учествуваат ученици од Државните музички училишта во Македонија. Концертот носи наслов „Младите доаѓаат“, а зад диригентскиот пулт ќе застане маестро Фи Фи Ле.
На програмата се дела од Пучини, Виењавски, Шелохов, Менделсон, К.М. вон Вебер, Равел, Шостакович, Сен-Санс. Како солисти ќе настапат ученици избрани по пат на аудиција: Сања Димова – соло пеење (III средно), Наоми Георгиевска – виолина (II средно), Александар Витанов – труба (II средно), Ирина Павлова – виолина (III средно), Анел Селим – кларинет (IV средно), Дарко Гроздановски – виолина (IV средно), Арда Мустафаоглу – пијано (I средно) и Ивона Базгалоска – пијано (IV средно), сите ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар