Филмски проекции „Movies that matter“ во Скопје

Младински образовен форум и Амбасадата на Кралството Холандија ве покануваат на „Movies that matter“, филмски фестивал за документарен филм чија цел е одбележување на Меѓународниот ден на човековите права – 10-ти декември.

На 13-ти декември (среда) со почеток во 19:00 ч во Кино Култура – Скопје ќе бидет прикажани филмовите What Tomorrow Brings и Who’s Gonna Love Me Now?

19:00 ч What Tomorrow Brings
режија: Бет Марфи, Авганистан/САД
20:30 ч Дискусија
21:30 ч Who’s Gonna Love Me Now?
режија: Барак Хејман и Томар Хејман, Израел/Велика Британија

Говорници за дискусијата се Неда Чаловска од Хелсиншки комитет за човекови права и Јована Ананиевска од организацијата Х.Е.Р.А. Дискусијата ќе се одвива помеѓу двата филма со почеток во 20:30 часот.

“Movies that matter” ја користи моќта на филмот за поддршка на човековите права и социјалната правда. Филмскиот фестивал служи како уникатна платформа за дијалог за јавноста, експерти, уметници, креатори на политики, новинари и граѓанско општество.

Филмовите се со превод на англиски јазик. Влезот е бесплатен.

Повеќе за фестивалот на www.mof.mk/moviesthatmatter

За филмовите:
What Tomorrow Brings
Филмот навлегува внатре во првото женско училиште во мало авганистанско село. Никогаш порано татковците не им дозволувале на своите ќерки да се образоваат, а сега талибанците им се закануваат со насилство. Од отворањето на училиштето во 2009 година, до првиот клас кој завршил образование во 2015, филмот ги следи испреплетените приказни на ученичките, наставниците, старците во селото, родителите и основачот на училиштето, Разиа Јан. Додека девојчињата учат да читаат и пишуваат, нивното образование се протега подалеку од училниците, додека ги откриваат разликите меѓу животот во кој биле родени и животите кои сонуваат да ги водат.

Повеќе инфо на следниот линк

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.