Самсунг и Амазон Прајм Видео први со HDR10+ содржина

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) и Амазон Прајм Видео (Amazon Prime Video) денес најавија дека целосната Прајм Видео HDR библиотека е сега достапна во HDR10+, нов отворен стандард кој ги комбинира динамичните мета-податоци за да создаде подобрен контраст и бои на проширениот асортиман на телевизори. Каталогот “Prime Video HDR10+“ вклучува содржина во времетраење од стотици часови како Прајм оригинали (Prime Originals): “The Grand Tour“, “The Marvelous Mrs. Maisel“, “Jean-Claude Van Johnson“, “The Tick“ и “The Man in the High Castle“, како и уште стотина лиценцирани наслови. “Prime Video“ е првиот стриминг провајдер кој обезбедува HDR10+ содржина на своите корисници, а HDR10+ е достапен на целосната Samsung 2017 UHD TV линија – вклучувајќи ги и премиум QLED TV моделите.
“Возбудени сме што можеме да ја најавиме HDR10+ содржината за нашите корисници. Нејзиното лансирање ја одбележува првата можност за потрошувачите и индустријата да ја искусат HDR10+ технологијата преку стриминг услуга.” – изјави Санг Јун Ким (Sang Yoon Kim), Потпретседател на Секторот за Развој на Бизнис со Паметни ТВ уреди во Самсунг Електроникс Америка.

Технологијата HDR10+ на “Prime Video“ вклучува динамички мета-податоци кои овозможуваат прилагодување на нивоата на осветленост при премин од сцена во сцена, па дури и од еден во друг фрејм (frame), кај телевизорите со висок динамички опсег (HDR). Со примена на индивидуализирано мапирање на тонови на секоја сцена, HDR10+ обезбедува неверојатно искуство при гледањето на содржини на следната генерација на Самсунг дисплеи. Квалитетот на сликата овозможува подобрено визуелно доживување со подетални изрази, подефинирани и посјајни предели со сенки и попрецизно пренесување на бои кои остануваат верни на оригиналната намера на креаторот на содржината. Преку користење на прецизните водичи за мапирање на тонови базирани на “Bezier”, Амазон може да испорача оптимално доживување при гледањето низ различни ТВ модели.
“Посветени сме да им понудиме на “Prime Video“ членовите најдобро можно доживување при гледањет, и навистина сме возбудени што нашите членови ширум светот ќе ги доживеат нашите содржини во HDR10+. Доживувањето при гледањето на HDR10+ во комбинација со наградуваните содржини на “Prime Video” е воведување на нова ера на забава за потрошувачите на овие уреди.” – изјави Грег Харт (Greg Hart), Потпретседател на “Prime Video“.

Лансирањето на HDR10+ на Prime Video заедно со логото на HDR10+ и сертифицираното партнерство формирано претходно оваа година од страна на компаниите Самсунг, “20th Century Fox“ и “Panasonic“ е демонстрација на усвојувањето и растот на HDR10+ како и растечката посветеност кон испораката на премиум HDR искуство.
###
За Компанијата Samsung Electronics Co. Ltd
Samsung Electronics со своите иновативни идеи и технологии го инспирира светот и ја обликува иднината. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигитални домашни уреди, медицинскате опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED уредите. За да дознаете повеќе за Samsung и сѐ ново во врска со компанијата, посетете го официјалниот портал „Samsung Newsroom”

За услугата Prime Video
Амазон Видео (Amazon Video) е врвна услуга за забава на барање која им нуди на корисниците најголем избор на содржини кои може да ги гледаат, и начини на гледање на истите. Прајм Видео овозможува илјадници филмови и ТВ серии, вклучувајќи и популарна лиценцирана содржина плус критички признатите и наградувани Прајм оригинали (Prime Originals) и Амазон Оригинални Филмови (Amazon Original Movies) од Амазон Студијата (Amazon Studios), како “The Tick“, најгледаната Прајм Видео серија на светско ниво – “The Grand Tour“ од Џереми Кларксон (Jeremy Clarkson), Рилард Хамонд (Richard Hammond) и Џејмс Меј (James May), и сериите – добитнички на награди, како “The Man in the High Castle“, “Mozart in the Jungle“ и многу други, достапни за неограничен стриминг како дел од Амазон Прајм членството. Прајм Видео е исто така достапен на потрошувачи во повеќе од 200 земји и територии низ целиот свет на: www.primevideo.com.

###

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.