FUNK SHUI со нова песна

Ви ја испраќаме новата песна на македонскиот супер бенд FUNK SHUI, со наслов „Стаклени нозе“, како најава за новиот албум кој е во изработка и треба да излезе во текот на 2018-та година.

Музиката и аранжманот се на FUNK SHUI, текстот е на Лука Ѓоргиевски, песната е снимена кај Ангел Ќосев во студио „Подрумот“, а видеото го изработи Михаил Намичев.
.
За „Стаклени нозе“, момците од FUNK SHUI ке кажат:

Делувањето во услови на нестабилно заледено тло и воздух без кислород нека ви биде припрема за тоа што следи кога зимата ќе помине.
Одете низ огнот, не бегајте од него.

Среќни празници,

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.