Промоција на книгата за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“

Чест ни е да ве поканиме на промоција на книгата за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ и дружење со авторката Јасмина Кантарџиева Димков и илустраторот Ивица Спасовски. Промоцијата ќе се одржи во сабота, на 23 декември, во книжарницата „Литература.мк“ со почеток од 12 часот.

Промотор на книгата ќе биде Билјана Црвенковска, писател и уредник на литература за деца и млади во Арс Ламина публикации.

„Кучешки приказни од Тафталиџе 1“
Автор: Јасмина Кантарџиева Димков
Илустратор: Ивица Спасовски
Промотор: Билјана Црвенковска
Литература.мк, ул. Македонија 21, Скопје
23.12.2017 (сабота), 12:00

Краток опис на книгата:

Дикси, Тајсон, Иза, Леа, Макс, Ситни, Буцко, Бели, Буч и Брзи се десет неразделни пријатели, десет мили и весели кучиња од една мошне добро позната населба – Тафталиџе 1.
Ја знаете, нели?

Животот во Тафталиџе 1 тече мирно и безгрижно…
Кучињата секојдневно се дружат и шетаат по познатите улици „Виенска“, „Букурешка“, „Париска“, „Прашка“, „Лондонска“, „Варшавска“, „Хелсинки“, а маалото е полно весели кучешки лаежи.

И сè би било совршено, да не е тука Страшилото и неговите миленици, бандата мачки…

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.