Прогласени најдобрите менаџери на годината од страна на Асоцијација на менаџери на Македонија

Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ) ја додели наградата за најдобра менаџерка

 на годината на Анита Спасовска, од компанијата Бучен Козјак и наградата за најдобар менаџер на годината на, Игор Крпачовски, од компанијата АрцелорМиттал.

Свеченоста се одржа во Скопје Мериот Хотел каде присуствуваа околу 150 претставници од бизнис, политичката, културната и медиумската заедница на Македонија, како и видни гости од асоцијациите на менаџери од регионот.

Неопходно е и понатаму да се бориме и коренито да ги менуваме работите во полза на заедницата. Да бидеме сила која што се фундира на врвна експертиза и професионализам. Да чекориме по пат на кој запирање нема да има. Затоа што ние ја гледаме Македонија како земја на професионални менаџери, но не само во реалниот сектор, туку и во јавните претпријатија и во сите државни институции“, истакна претседателката на Асоцијацијата на менаџери на Македонија, Маја Ристова. Таа додаде дека главните цели на Асоцијацијата на менаџери на Македонија е да промовираат квалитет во менаџирањето и дека само на тој начин ќе дојде до целокупен развој, не само во економијата, туку и во целото општество.

Покрај тоа што беа прогласени најдобриот менаџер и менаџерка за 2017 во Македонија на настанот свечено беа доделени благодарници на Хајан Селмани од Хаселт, Коста Петров, Борче Треновски, и признанија на Хелена Мојсиќ, Таки Ѓорѓиев, Маријана Андриќ, Горан Кипријановски, Билјана Санев.

Асоцијацијата на менаџери на Македонија е независна деловна организација, основана во декември 2015 година, чија цел е деловно вмрежување, едуцирање, промовирање и застапување на интересите на членовите-менаџери. Целта на асоцијацијата е да стави посебен акцент за создавање обединета, координирана и организирана деловна мрежа на менаџерски организации од земјите во регионот, преку промоција и развој на лидерски и менаџерски вештини и знаења, како и на континуирано вложување во човечки ресурси кои претставуваат основна претпоставка за натамошен општествен и економски препород на регионот.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.