Промоција на мини прирачник за поезија од Пренџова

Во вторник, 26. декември, во 20.30 ч. во кино салата на Кинотека на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Мини прирачник за поезија“ на поетесата, слемерка и препејувачка Елена Пренџова.

„Мини прирачник за поезија“ е седма по ред книга на авторката и прва книга есеи по претходно објавените збирки поезија.

„Уште кога почнав да пишувам и кога не ни бев свесна за позивот – поет/поетеса, а не па дека и јас ќе ја следам таа патека, пишувам исклучиво поезија, со многу малку авантуристички подвизи во некои други жанрови. Ова е моја прва објавена книга која не е збирка поезија. Сепак, врската со поезијата е очигледна, затоа што оваа книга претставува збирка размисли и ставови за поезијата и актуелната поетска сцена. Чувствувам дека една ваква збирка си должев себеси по многуте експериментирања и истражувања во различните поетски стилови. Неизмерна ми е радоста што „Мини прирачникот за поезија“ излезе од печат токму една деценија од објавувањето на мојата прва збирка поезија и воедно прва книга воопшто во 2007 година“, изјави авторката, која, инаку е и магистерка по книжевни науки.

Книгата содржи десет есеи обајвени во периодиката, презентирани на поетски средби и фестивали, но и претходно необјавени текстови. Рецензент на книгата, воедно и промотор, е проф. д-р Иван Џепароски. Модераторка на вечерта ќе биде новинарката и радио водителка Христина Ѓорѓиевска. Книгата е објавена со помош на иницијативата на групно финансирање која авторката го започна лани.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.