Cleopatra – Балетски спектакл

Среќен сум да ве поздравам на нашиот спектакл – светската премиера на балетот „Клеопатра“, создаден за Македонската опера и балет.
Ние почнавме да сонуваме за оваа постановка пред неколку години, тогаш имав среќа да работам со примабалерината на Македонската опера и балет, прекрасната Александра Мијалкова. Таа ја имаше главната улога во мојот балет „Дамата со камелии“ и ние замисливме да создадеме оригинален, нов спектакл – специјално за Александра. Во светот има многубројни примери кога балетот се создава поради една истакната танчарка.
Имавме многу идеи, но конечниот избор падна на најмистериозната жена во античкиот свет – Клеопатра. Последната царица на Египет, наследничката на Александар Македонски, легендарната освојувачка на срцата, од дамнина ги инспирира поетите, композиторите и режисерите, па и ние, исто така, се свртевме кон историјата на прекрасната и таинствена Клеопатра. Замисливме обемна, грандиозна постановка, разнобојно шоу, кое со нештата ги надминува рамките на обичниот класичен балет, достојно на прекрасната царица, на која е посветен.
Денес, вие имате можност да го видите балетот кој сѐ уште не е поставен во ниеден театар во светот и да се насладувате со мајсторството и талентот на Александра Мијалкова.
Јас им благодарам на сите со коишто за време на многуте месеци го создававме овој спектакл и ви посакувам вам, на нашите посетители, да поминете незаборавна вечер, со нурнување во времето на Римската империја и да се восхитувате на танцовите и чудесата на античкиот Египет.

Со љубов и почитување,
кореограф Василиј Медведев

 

Повеќе информации на следиот линк

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.