Новогодишна журка во Магор! Нова е, добра ќе е!

После толку журки до превртување од играње. После толку познанства за цел живот. Симпатии, љубови, кратки караници, безброј разговори и очигледни и двосмислени погледи. После толку создавање на една енергија и атмосфера каде што сите се осеќаат свои и опуштени од сите стеги. После толку добра музика и потење од играње, што и Footloose може да завиди…Редно е се на куп да направиме и создадеме за Нова Година во Магор. 31 декември 2017тa. Сите ние со музиката и енергијата на Ana Marquiz, ( Marquiz Marquiz ) ќе влеземе во една нова приказна после 00часот !
Ние ќе го накитиме Магор за да имаме права атмосфера. Кој може нека нарача и снег 🙂

Накај 21часот да си се собираме и олабавуваме со познатите Шотови. Влез + мезе + жижици = 150 денари, за арно да се 🙂

Резервации на броеви :070775386 , 02 312 1027

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.