Џијан Емин ќе диригира на два концерти во Будимпешта во престижната сала МУПА

Македонскиот истакнат уметник – композитор, диригент и аранжер Џијан Емин, на 4 и 5 јануари ќе настапи како диригент на два концерти во Будимпешта, во една од најпрестижните концертни сали во Унгарија, МУПА.

Џијан Емин ќе диригира на концертите насловени „Миртил-Париз симфонија“, на кои како солист ќе настапи Миртил Мишелер, една од најпознатите унгарски уметници особено во сферата на европската џез-сцена. Емин ќе застане зад пултот со оркестарот „Данубија Оркестра Обуда“ и бенд од Унгарија, а програмата е составена од едни од најпознатите француски шансони, кои се изведоа и во Скопје минатата година на концертот „Париз те сакам“ по повод Денот на вљубените, за чии аранжмани повторно со погрижи македонскиот уметник.

Концертите се распродадени уште од пред еден месец, а ќе бидат изведени познати теми од Ив Монтан, Едит Пјаф, Мишел Легранд, Жо Дасин…

Џијан Емин изминатиот месец имаше полна агенда. Настапи како диригент и автор на музиката на настанот „Neuland – Sensorium кој според порталот „Риборн“ беше прогласен за Настан на годината, потоа на концертот на Здружението на џез-музичари со Македонската филхармонија под наслов „Baby it’s Cold Outside, како диригент и на концертот „Филхармонија за Шпато“, на концертот „Charlie Parker & Strings, на мултимедијалниот перформанс во соработка со „Имиџ Пи Ар“ и Македонската филхармонија…

Паралелно, Џијан Емин работеше и како оркестратор на музиката за најскапиот филм досега снимен во Индија заедно со Rico the Wizard, продуцентот на „Дафт Панк“, на музика на Оскаровецот Алах-Рака Рахман.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.