#ФораЕДаСиЗдрав – Прв центар за Ајурведа, Јога и Медитација

На 1 февруари со почеток во 19:00 часот, со особена чест Ве покануваме на супер дружба и презентацијата на првиот Art of Living центар за – здрава исхрана, Ајурведа, Јога и медитација, со локација на бул. „Климент Охридски” бр. 48, Скопје.
Центарот за здрав живот е катче пријатно уредено, пространо, мирно и топло. Во Био катчето ќе најдете сè што е потребно за вашето здравје и добрата енергија, додека пак во катчето за ајурведа и здрави навики, постојано ќе може да се консултирате со соодветно лице-Ајурведски доктор за пулсова дијагностика. Исто така ќе можете да присуствувате на анти-стрес програмите за време на викендите и медитативни часови.
Во центарот ќе имате прилика да се запознаете и со Јогата како дисциплина и да ја одберете онаа која Вам најмногу ви одговара во термин најприкладен за вас. Часовите се наменети за сите возрасти, а истите ќе бидат водени од стручно, обучени учители.
Постојано “трчаме“ за да стасаме некаде без оглед на тоа како се чувствуваме и без оглед на знаците и состојбата кои телото ни ги сигнализира. Токму затоа секој од нас има потреба за свое катче каде што ќе може да ги “наполни батериите“ за новиот ден.
Во денешно време, #ФораЕДаСиЗдрав, затоа повелете и придружете ни се во Првиот Центар за Ајурведа, Јога, Медитација и здрави навики.
Повеќе информации на 071 366 611

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.