Книжевни средби во Прилеп и Битола

Викендов, во двата најголеми града на Пелагонискиот регион, Прилеп и Битола, ќе се одржат книжевни вечери со поетесата и слемерка Елена Пренџова. Повод за гостувањето е излегувањето од печат на нејзината најнова книга и прва збирка есеи „Мини прирачник за поезија“ која ја имаше својата промоција во главниот град во декември минатата година.

Првата книжевна вечер ќе се одржи во Прилеп, во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“, во петок, 2. февруари во 19 ч. Поетесата ќе рецитира и слемира своја поезија, а присутните ќе имаат можност да разговараат со неа за нејзините ставови и согледби за поезијата. Нејзните досегашни дела накратко ќе ги претстави актерот и слемер Игор Трпчески, со кого веќе повеќе години по ред заеднички ги организираат слем-натпреварите и ревијалните слем-настани низ земјата.

Втората вечер ќе се одржи во Битола, во алтернативниот културен центар „Интимен театар“, во сабота, на 3. февруари, исто така во 19 ч. И на оваа средба со авторката ќе биде претставена нејзината поезија проследена со слем-настапи, а модератори на вечерта, кои воедно и накусо ќе ги претстават нејзините дела, ќе бидат поетесата Славица Гаџова и писателот Михајло Свидерски, додека поетот и слемер Перо Сарџоски, кој, како дел од Поетри-слем тимот на Македонија, исто така, долги години е дел од организацијата на слем- настаните во Македонија.

На книжевните вечери ќе биде биде посветено внимание и на најновата книга есеи „Мини прирачник за поезија“, чиј рецензент е универзитетскиот професор Иван Џепароски.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.