‘’ОД ЕДЕН СОН ДО УСПЕШНА ПРИКАЗНА’’

Христина Ангелкоска е родена на 27ми Април, 1993 година во Гостивар.
Станува збор за една млада и амбициозна девојка, со успех и кариера пред неа за кои можат да и’ позавидат многумина на нејзина возраст.
Навидум една сосема обична и скромна девојка, Христина е токму доказ дека кога веруваш во сопствениот пат нема потреба да им се докажуваш на пречките кои се појавуваат на истиот.

Нејзината приказна ќе ја започнеме со тоа што ќе напоменеме дека станува збор за дипломиран машински инженер, кој покрај секојдневната работа по нејзината струка, умее на вешт начин да го организира своето време и да се активира во многу други полиња.
Едно од тие полиња, а нејзино омилено носи наслов – АВОН.
За некои сосема едноставен бренд за продажба на козметика, но за оваа девојка – АВОН е СОН, КАРИЕРА и ПРИКАЗНА.
И верувајте станува збор за навистина успешна приказна.
‘’Ако не тргнеме по она што го сакаме, никогаш нема да го имаме’’.
‘’Ако не направиме чекор напред, секогаш ќе бидеме на истото место.’’
Следејќи ги овие максими, оваа девојка која е СЕНИОР – МЕНАЏЕР во тимот на АВОН, не’ инспирира и ја споделува нејзината страст за успех и напредок со сите нас.

Учествувајќи на секоја бизнис конференција за лидери и менаџери, таа кажува дека за успех доволно е да знаеш да искомбинираш облека со доза оптимизам и капка омилен парфем.
Оваа прекрасна девојка несебично ја шири нејзината позитивна енергија каде и да се појави.
Па така често знае да им порача на сите дами : ‘’Блескај, каде и да си’’!
На читателките на Muabet.mk, таа ќе им порача:
‘’Стави го својот омилен парфем и направи го секој момент од животот посебна приказна’’.
‘’Биди дел од нас, биди наша нова приказна и истакни ја својата убавина’’!
Ќе и честитаме на Христина за секој постигнат успех, за оваа прекрасна приказна која е овде да ги мотивира оние кои се стремат кон успех и напредок, и ќе и’ посакаме да продолжи да блеска и да ги достигнува височините како што само таа знае и умее!

 

Текстот е напишан од Викторија Петровска

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.